Првиот проглас на Златна бубамара на популарноста гласи : Да се предадеме!

Првата објава за претстојната манифестацијата Златна Бууба Мара  на популарноста“ гласи „.Драги наши отруени и запоставени граѓани, доколку сè уште верувате дека има останато некој нормален во нашата држава - доаѓа денот кога можеме да се собереме и заедно да провериме, да се проветриме и да уживаме во најновото издание на Златна бубамара на популарноста,  

Време е - да се предадеме! - на музика,смеа и работа. Откако се оддадовме на лажење, крадење и неверства...

Ова е можност за просветлување и воскреснување на надежта.

Како народ што си го бара своето, ќе Ве чекаме со камшик и Шик - пик - миг, па заедно со игра, песна и насмевки да ги поздравиме нашите најголеми уметници.

Ве молиме - немојте да бојкотирате, блокирате, манипулирате или да бегате - за сите вас има по едно „седиште“ во седиштето на Златна бубамара на популарноста.

Од нас добивте 22 години - па кој Ви има дадено повеќе?

ДА СЕ ПРЕДАДЕМЕ!

Настанот ќе се одржи во ВИП Арената БОРИС ТРАЈКОВСКИ на 21 февруари 2019“, пишува во прогласот на штабот за помилување, гушкање и добра забава на Радио бубамара 105,2.

Коментари

Популарно