Дескоска: Вработувањето на баџанакот на Џафери е по закон!

Нема формално прекршување на законот со изборот на новите членови на Антикорупциската комисија, изјави денеска министерката за правда Рената Дескоска, во врска со реакциите во јавноста за изборот на Нури Бајрами за ллен на Комисијата, кој е баџанак на претседателот на Собранието Талат Џафери.

-Роднинските врски со овој степен не се опфатени. Но и да беше така, нема никакво прекршување на законот, смета Дескоска.

Таа потсети дека законот бил носен во транспарентна процедура во консултации со европските експерти, а селекцијата и изборот на кандидатите гарантирале траспарентен избор. Дескоска побара да се остави време на новиот состав на Антикорупционерите да почнат да работат и од тоа ќе се цени дали бил направен вистинскиот избор или било нешто друго.

Министерото за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски рече дека Бајрами добил најмногу бодови од сите што оценувале, и од претставниците на власта и на опозицијата.

Во врска со случаите за вработување во администрацијата на блиски владини функционери, Манчевски рече дека сега е работа на Антикорупциска да провери дали во новите вработувања има и непотизам и судирна интереси.

-Но треба да се потсетиме дека 10 години на сите членови на СДСМ им беше забрането да се врабуваат во јавен и приватен сектор, рече Манчевски.

Коментари

Популарно