Дали Иванов бил поканет на време или не?

Претседателот на државата Ѓорге Иванов не присуствуваше на церемонијата пред Владата по повод свеченото кревање на знамето на НАТО на јарболот. Од Владата велат дека претседателот Иванов уредно бил поканет да присуствува, но нема објаснување зошто не се појавил.

Од Кабинетот на Иванов изјавија дека:  „Откако заврши настанот ја добивме поканата за присуство на претседателот Иванов“ .

-Поканет беше, официјално преку курирска служба и преку електронска пошта, изјави Бошњаковски.

На свеченоста не дојде поранешниот премиер и претседател на Македонија, Бранко Црвенковски, а присуствуваа поранешните премиери Владо Бучковски и Љубчо Георгиевски. Не присуствуваше ни лидерот на ДУИ Али Ахмети, како што се вели поради многу обврски.

Коментари

Популарно