Дали мастурбацијата во брак е здрава?

Вобичаено мастурбирањето во врска или во брак уште носи етикета „забрането задоволство“, а всушност е едноставен и добар пат до поголема сексуална желба, подобро здравје и помалку стрес.

Долгогодишните врски и бракови може да бидат исполнети со љубов и почитување, но не е реткост да почне да недостига почетната страст и возбудување. Мастурбирањето во тој случај е одлична алатка за зголемување на сексуалниот апетит.

Сексолозите се едногласни – колку повеќе имате секс, толку повеќе ќе сакате секс. На ист начин делува и мастурбирањето.

„Мастурбирањето го зголемува сексуалниот апетит и желбата за секс. Тоа важи и за мажите и за жените. Ако ви треба уште една причина да мастурбирате, не заборавајте дека на тој начин исто така го одржувате здравјето на репродуктивните органи“, објаснува Сејди Алисон, сексолог и авторка на книгата „The Mystery of the Undercover Clitoris“.

Уште една добра страна на мастурбацијата е развивање на сексуалните фантазии. Заборавете на ограничувањата – бидејќи во овој случај навистина не постојат – и направете си забавни сценарија.

Дозволете си фантазија што ќе ви влезе во потсвеста и ќе ви помогне да се „загреете“ кога сте со партнерот/партнерката. Алисон објаснува дека сексуалните фантазии ја зголемуваат желбата за секс, а не се ништо неморално или забрането. Од друга страна, тоа е приватна работа за која не мора никој да знае.

Самозадоволувањето многу често е вистински спас. Во ситуации кога едниот партнер многу сака секс, а другата страна не е баш расположена, зошто да се форсира секс, кога може буквално да ја земете ситуацијата во свои раце. На крајот на краиштата, вие најдобро се познавате себе си и оргазмот ви е загарантиран.

После ден исполнет со стрес, ако немате услови за секс, секогаш може да се потпрете на мастурбацијата, а оргазмичното доживување ќе го поттикне лачењето на ендорфин – хормонот на среќата и доброто расположение.

Имајте на ум дека со годините телото се менува, па и вашите сексуални желби и преференци може исто така да се сменат, потсетува Алисон. Таа додава дека токму мастурбацијата може да ви покаже најдобро што точно ве возбудува и ви причинува задоволство.

И за крај, не заборавајте дека мастурбирањето не е изневерување. Вашите секс фантазии се ваша приватна работа, сѐ додека предметот на вашата фантазија кога мастурбирате, останува таму – во фантазијата.

Коментари

Популарно