Кој славен боксер понудил „богатство за да боксува“ со горила?

Славниот боксер Мајк Тајсон (52) откри дека пред 30 години добил идеа да се бори со горила.

Тајсон за британски “Сан” откри дека оваа луда идеа ја добил за време на посетата на една Зоолошка градина на крајот од 80-тите години. Тогаш беше најмладиот светски шампион во бокс.

“Му платив на чуварот во Зоолошката градина да ми отвори на мене и Робин. Кога стигнавме до кафезот со горилата, таму имаше еден од кој сите други животни се плашеа. Беше огромен, но во очите му видов поглед на невино детенце”, вели Мајк.

“Му понудив 10.000 долари да ми дозволи да го удрам тоа животно. Но тој ме одби”

Горилата достигнува 350 килограми, што е три пати повеќе од тежината на Тајсон.

Коментари

Популарно