ФОТО: Полицијата згрозена од страшните детали за домот и автомобилот со кој Турчинот ги уби Шабан и Мирсад

Медиумите открија нови детали за Турчинот Алсин Левент кој ја предизвика тешката сообраќајна несреќа во која животот го загуби кралот на фолк музиката Шабан Шаулиќ и неговиот музички колега Мирсад Кериќ.

Откако претходно јавноста беше шокирана од фактот дека тој нема возачка дозвола, овој пат полицијата откри дека 35 годишниот Алсин имал и пријавено лажна адреса на престојување во Германија.

По ова полицијата веднаш ја започнала истрагата, а откри и дека и автомобилот не бил негов.

-Дефинитивно автомобилот не бил негов, полицијата веднаш покрена истрага за потеклото на автомобилот и како дошол до „маздата“. Постои можност возилото да биде украдено, а тој немал ни никаква возачка дозвола, не само германска, туку и турска, открива извор за српските медиуми.

Тој во понеделникот бил пренесен од болница во полиција.

-Сега се наоѓа во притвор, а во болницата беше под надзор на полицијата. Веднаш штом заврши лечењето одведен е на распит и одредено му е полициско задржување, надополнува изворот.

Германските медиуми објавија дека тој се товари за тешко кривично дело- убиство во сообраќајна несреќа. Тие надополнуваат дека уште поинтересно е што „маздата“ не е во негова сопственост и тоа дека имал лажно место за живеење, како и дека немал возачка дозвола.

Коментари

Популарно