16-та жртва во несреќата кај Ласкарци.

Денеска почина 20-годишната девојка која во автобуската несреќа на 13 февруари кај Ласкарци, беше тешко повредена и хоспитализирана на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ). Ова за МИА попладнево го изјави раководителот на КАРИЛ, д-р Маја Мојсова.

На девојката поради сериозноста на повредите на девојката и беа извршени неколку операции и и беше ампутирана ногата.

– Тешки телесни повреди имаше девојчето. Четириесет дена борба водевме за нејзиниот живот. Имаше многу повредени системи, нагмечувања…Се боревме за нејзиниот живот, за жал, не ја добивме битката, рече д-р Мојсова и додаде дека изразуваат сочувство до семејството на девојката.

Починатата девојка е 16-та жртва во несреќата кај Ласкарци.

Коментари

Популарно