Полицијата го барала мобилниот на Јанева, но таа го „изгубила“!

Полициски екипи вечерва влегоа и во домот на Катица Јанева, каде се вршел претрес. Налог бил издаден од Обвинителството за организиран криминал.

Според неофицијални информации, од шефицата на СЈО било побарано да го даде нејзиниот мобилен телефон, кој требало да биде одземен и даден на вештачење.

Полицијата успеала да одземе еден од два мобилни телефони, бидејќи Јанева рекла дека другиот го изгубила.

Полицијата вечерва влезе и во домот на Бојан Јовановски, познат како Боки 13, како и во 1ТВ, медиум чиј сопственик е таткото на Боки 13, Миле Јовановски.

Коментари

Популарно