Двајца Македонци со Рено 4 стигнаа до Пекинг

Двајца граѓани од Македонија Ѓорѓи Николов и Џоко Шуклев успешно ја завршија својата мисија и со нивното Рено 4 поминаа цели 11.000 километри од гевгелиско Стојаково до Кина.

Тие на својот пат до Пекинг за жал имаа една голема пречка која ги затекна на границата помеѓу Монголија и Кина, сепак ја совладаа успешно. Според кинеските закони тие мораа да ангажираат туристичка агенција и шофер, за да можат да продолжат да се движат со својот автомобил низ Кина.

Поради тоа решија автомобилот да го остават на аеродромот во главниот град на Монголија Улан Батор, а патот до Пекинг да го продолжат со авион.

Вчера тие беа пречекани од македонската амбасада во Пекинг, а денеска се искачија на Кинескиот ѕид и го развиорија македонското знаме.

Коментари

Популарно