Полицијата го фати побегнатиот затвореник

Попладенево околу 17:30 часот полицијата го пронајде  и приведе затвореникот кој и побегна на затворската полиција кога го враќала од Клинички центар Скопје.

Тој бил пронајден во близина на село Пресница, општина Липково.

Како што соопшти денеска за МИА директорот на затворот Боби Мојсовски, тој успеал да побегне од задната врата на возилото со кое затворската полиција го враќала од Клиничкиот центар, каде бил упатен на преглед, кога затворските полицајци застанале да купат сендвичи од бензинската на Макпетрол кај училиштето „Михајло Пупин“.

Полицајците, според директорот, ќе бидат суспендирани поради непочитување на постапката за менување на рутата, поради тоа што не бил врзан затвореникот и трето, како што вели, најверојатно му купувале и нему сендвич

Коментари

Популарно