ФОТО+ВИДЕО: Се прославија со реченицата „Боже, Петра“ - Погледнете ги како изгледаат денес

Наталија и Петра од Свилајница се две девојчиња кои пред десетина година, кога имаа само 4 години, станаа многу популарни поради една позната реченица: „Боже, Петра!“

Помина деценија, девојчињата пораснаа, а реченицата и ден денес се користи во цел регион.

„Таа реченица ми го обележа животот. Станв многу популарна. На почетокот мноу се фотографирав со луѓе, на улица ме застануваа“, открива Наталија, која ја изговорила таа реченица и така со својата другарка станале едно од најпопуларните девојчиња во Србија.

Наталија Митрович на само 4 години станала позната во целиот регион, а денес е ученичка во осмо одделение.

Многумина поради реченицата која ја изговорила мислеле дека таа е Петра и ја мешале со другарката на која ѝ ја упатила реченицата.

„И денес ме прашуваат дали јас сум таа „Боже Петра“. Овие години на камп ме прашуваа дали јас сум тоа девојче. И ден денес се шегуваат на моја сметка, мене ми е малку непријатно. А, кога бев мала ми одговараше“, образлоѓила Петра Милошевиќ исто така ученичка во осмо одделение.

Коментари

Популарно