Денеска ќе биде одбележан – Денот на ослободувањето на Скопје.

Денеска со повеќе активности денеска ќе биде одбележан 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје.

По тој повод, градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, ќе се сретне со претставници на Градскиот одбор на Сојузот на борците од НОАВМ. Средбата ќе се одржи во кабинетот на градоначалникот.

Потоа, делегација на Град Скопје ќе положи цвеќе пред Споменикот на ослободителите на Скопје на Партизанските гробишта во Бутел, во Алејата на заслужните граѓани, на гробот на генерал Михајло Апостолски во Бутел и пред Споменикот на ослободителите на Скопје пред Владата.

Според програмата, во 14 часот во Градскиот трговски центар ќе биде отворена нова галерија.

Настаните за чествување на Денот на ослободувањето на Скопје ќе продолжат вечер во 20 часот, каде што свечено ќе бидат доделени наградите „13 Ноември” на Град Скопје за 2019 година.

На 13 ноември пред 74 години борците од 42-та и 50-та Народноослободителна дивизија на македонската војска и 16-та Македонска бригада го ослободија Скопје од фашистичката окупација.

По неколкудневните тешки борби со припадниците на 22-та Гренадиска германска дивизија, составена од 47-от и 65-от полк и делови од 11-та воздухопловна десантна дивизија, како и со германската тврдинска бригада „Ангермилер”, која беше распоредена пред Качаничката Клисура, борците со победоносен марш влегоа во градот.

Од град Скопје вчера беше објавена покана за одбележување на 75 годишнината од ослободувањето на Скопје

ПОКАНА 12.11.2019

Градоначалникот Шилегов утре (13.11.2019 година) во 10 часот ќе се сретне со претставници на Градскиот одбор на Сојузот на борците од НОАВМ, по повод одбележувањето на 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје. Средбата ќе се одржи во Кабинетот на градоначалникот на Град Скопје (булевар Илинден број 82, барака број 3).

Активностите за одбележување на 13 Ноември утре ќе се одвиваат според следнава агенда:

Полагање цвеќе

11:00 часот: Пред Споменикот на ослободителите на Скопје на Партизанските гробишта во Бутел

11:30 часот: Алеата на заслужните граѓани, на гробот на генерал Михајло Апостолски во Бутел

12:30 часот: Споменик на ослободителите на Скопје пред Владата на Република Северна Македонија.

Градски трговски центар

14:00 часот:  Отворање нова галерија

Македонска опера и балет

20:00 часот – Свечено доделување на наградите „13 Ноември“ на Град Скопје за 2019 година

Коментари

Популарно