Австрија Македнија 2:1

Во вечерашниот натпревар нашата фудбалска репрезентација официјално  ја испрати Австрија на Евро 2020. Со вечерашниот пораз од 2-1 на „Ернст Хапел“ во Виена на нашата репрезентација и останува во вторник против Израел со победа да се избориме и да се надеваме на третото место што би било најдобар пласман во историјата.

Десеткувани, без капитенот Горан Пандев, со низа дебитанти во тимот, Македонија и не можеше да очекува повеќе од пораз против фаворизираната Австрија, која се изнапромашува во првиот дел, а откако се задоволи со водството од два гола, нѝ дозволи да поиграме, па на крајот и да им дадеме гол во Виена.

За Македонија и официјално останува шансата за историски пласман на Евро 2020 преку мартовскиот бараж во Лигата на нации и полуфиналната пресметка со Косово, а потоа финалето ако го минеме северниот сосед.

Дека Австрија ќе победи стана јасно уште по седум минути игра, кога мајсторската аситенција на Конрад Лајнер ја искористи Давид Алаба за рутински да погоди за водство, најмногу и поради лошата поставеност на дефанзивната линија за офсајд замка.

Коментари

Популарно