Драма со среќен крај, Македонија се пласира во елитната фаза од квалификациите

Голем успех на нашата млада репрезентација до 19. години, која избори пласман во елитната фаза од квалификациите за пласман на ЕВРО. Попладнево на ФФМ, Македонија со 3:0 го победи Луксембург и поради подобра гол разлика од БиХ заврши на втората позиција на табелата во Групата 11.

Интересно беше откако заврши мечот со Луксембург, нашите надежи се собраа на средината од теренот и заеднички очекуваа што ќе се случи во Ѓорче. Таму играа Англија и БиХ, беше 4:1 и босанците не смееја да постигнат гол, ни требаше таа разлика од три гола за Англичаните. По минута – две заврши тој дуел а потоа следуваше радост, еуфорија кај нашите момци.

Важна напомена е тоа што ние одигравме добро, ние победивме дури откако селекторот Горан Станиќ му даде шанса на Тошевски да биде стартер, кога го спои тандемот Тошевски – Воша.

Коментари

Популарно