Виц на денот

Внукот му се доверил на својот дедо дека му се оди на одмор, некаде нагоре, Хрватска, Италија…. Дедото ја слушнал желбата и му рекол:

– Јас никогаш подобро не сум си поминал отколку во Трст. Тоа беше незаборавно! Еднаш влеговме во кафана, испивме се што имаше, ги свртевме сите жени и на крај од бес ги извадивме и се измочавме на шанк. И никој ништо не ни кажа!

Внукот се попалил, отишол во Трст и за 15 дена се враќа дома, помодрен од ќотек.

– Ама што се случило?

– Море да ти ебам и Трст и сè. Направивме исто како и ти. Некако не толерираа со пијачката, со жените не ни одеше баш најдобро ама кога ги извадивме да се измочаме на шанк ни рипнаа и не сoкапаа од тепање.

– Внучко, а со кого беше?

– Па, со еден другар. А ти со кого беше во Трст?

– Па и јас бев со другарите, со Мирко, со Славко, со партизаните…

Коментари

Популарно