"Одиграјте таму горе, „Еден на еден“, за себе, за нас"

Пред 27 години во сообраќајна несреќа загина Дражен Петровиќ, најголемата легенда на европската кошарка. Најголемиот, кошаркарскиот „МОЦАРТ“. Никогаш Европа, Балканот, секако не и Хрватска, не го прежалија. Вчера загина Коби Брајант, еден од најголемите во светот, најголемиот ЛЕЈКЕР на сите времиња, што би рекол Меџик Џонсон, а неговиот збор мора да се сфати сериозно.

И двајцата ја делеа таа страст за кошарката, и двајцата беа бекови – поентери, и двајцата сакаш да ги имаш само во својот тимм, никако против себе. Идоли на милиони деца, млади кошаркари. Се издвојуваа со својот победнички менталитет.

Коби и Дражен, уф, каков тандем тоа ќе беше. Дражен го нема од 1993 година, Коби од вчера, но вечно ќе бидат славени во името на кошарката.

Животот понекогаш е суров, знае да ги замрси сметките. И уште еднаш повик до тој што одлучува за тие човечки судбини. Па добро, зошто кај себе ги земаш само најдобрите? Зошто?

Е, па, ако е така, тогаш Коби и Дражене една молба до вас. Кога ќе се сретнете таму горе, одиграјте „еден на еден“, за себе, за нас…не мора да кажувате кој победил.

Коментари

Популарно