ВИДЕО: Бoлнa изјава на таткото за својот син кој ја тeпaaшe девојкaта во Штип

Новинарот Фуркан Салиу од ТВ Клан на својот Твитер профил објави краток исечок од разговорот со таткото на еден од осомничените за во Штип.

Фуркан Салиу напиша:

Разговаравме со таткото на еден од осомничените за во Штип.

“Имам само еден син, ама закопа ме више”

Двајцата штипјани кои тaпалe 21-годишна девојка среде бел ден во влез на станбена зграда, а целиот случај го снимиле на мобилен, по што видеото се најде на социјалните мрежи, денеска се приведени и ќе останат 24 часа во станица.

„По преземените мерки од слобода се лишени две лица на возраст од 23 и 26 години, за конкретниот настав запознаени се Основното јавно обвинителство и Центарот за социјални работи. Секторот за внатрешни работи ги презема сите мерки за расчистување на случајот“, вели портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова.

Извор: thenewzupdate.

Коментари

Популарно