Потопете ги овошјето и зеленчукот во овој раствор пред да ги конзумирете

Доколку се прашувавте како да ги миете овошјето и зеленчукот и да ви е мирна душата еве го одговорот.

Пестицидите, прашината, загадувањето на воздухот и песокот од Сахара се доволни причини овошјето и зеленчукот добро да ги измиете. Но, пандемијата на коронавирусот само дополнително треба да ве стимулира во оваа работа да вложите малку повеќе труд и време.

Постојат многу нејасни нешта околку тоа дали, колку и како треба да постапуваме со намирниците кои овие денови од маркетите ги внесуваме во домот. Кога не измачува стравот дали и на кој начин можеме да си го донесеме вирусот дома, не е тешко да претераме, но секако не смееме и да се однесуваме неодговорно.

Експертите советуваат дека најдобро е прво свежите намирници, како овошјето и зеленчукот да ги измиете го голем млаз ладна вода. За да бидете посигурни, по миењето намирниците оставете ги половина час во раствор од два литри вода и една ипол лажица сода бикарбона, а потоа уште еднаш детално измијте ги со млаз вода. Тоа особено важи за марулата, младиот лук и кромид, ротквиците, магдоносот и сл.

Друго нешто што е потребно да го направите со цел дополнително да се заштитите е секоја намирница во амбалажа да ја пребришете со крпа натопена во седумдесет-процентен алкохол.

Дезинфицирајте го и ладилникот, одржувајте почесто хигиена во домот, особено во кујната и складишните простории во кои носите производи од надвор.

Европската агенција за безбедност на храна официјално потврди дека нема докази за ширење на коронавирусот преку храната, но предупреди хигиената при ракувањето со намирниците да биде на високо ниво.

Коментари

Популарно