Вкусна посна проја по стар рецепт…
СОСТОЈКИ:
1,5 чаша палента
1,5 чаша пченкарно брашно
1,5 чаша бело брашно
сол
прашок за печиво
1/2 чаша масло
3 чаши кисела вода
сусам
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Измешајте ги брашната, па додајте лажичка сол, прашок за печиво, масло и кисела вода. Добро измешајте, па ставете во намастен и побрашнет калап. Додајте преку малку сусам. Печете околу 20 минути на 180 степени.
Извор: Готви.мк