Од денеска зголемено присуство на полицијата во туристичките дестинации

Во текот на наредните два дена ќе биде зголемен бројот на припадниците на министерството на терен, особено во градовите туристички дестинации во земјата, соопшти Владата по денешната владина седница.

Според информациите од МВР, во текот на денот биле поднесени 114 кривични пријави кои се однесуваат на дела со кои се овозможува пренесување заразна болест. Истовремено поднесени се 451 прекршочна пријава за носење на маски заради спречување на ширењето на коронавирусот.

Припадниците на МВР во текот на денот извршиле контроли и на лицата кои се во самоизолација, информираат од Владата.

Владата ги задолжи полицијата и инспекциските служби да продолжат со засилени контроли и да ги санкционираат сите прекршувања на мерките за спречување на ширењето коронавирусот и за заштита на здравјето на граѓаните од КОВИД-19.

извор: Makfax

Коментари

Популарно