Александра Бошњаковска конечно во прегратките на својата мајка!

6 годишната Александра Бошњаковска, од синоќа е повторно со нејзината мајка Татјана. Полицијата успеала да го пронајде девојчето во околината на Маврово и да го врати кај законскиот старател, објавува Сител.

Според информациите на телевизијата, во моментот на претресот, Александра била со нејзината баба Снежана.

aleksandra bosnjakovska

„Пресреќна сум, Александра е конечно со мене, ми се оствари сонот“, вели Татјана Бошњаковска за Сител.

Вчера полицијата го приведе Александар Бошњаковски, дедо на малата Александра, а судот му одреди 30 дневен притвор, за незаконско одземање на дете и за запуштање на дете. Во отсуство му е одреден притвор и на таткото на Александра, Стефан, а кривична пријава е поднесена и против чичкото Мартин и бабата Снежана.

Пред две години, семејството Бошњаковски насилно ја одземало Александра, и оттогаш мајката немала никаков контакт со неа, иако со судска извршна пресуда е одлучено старателството да и припадне на Татјана Бошњаковска.

Коментари

Популарно