ФОТО и ВИДЕО: Филипинка роди здраво бебе среде урнатините на аеродромот

По катастрофалниот Тајфун Филипинката Емили Сагалис роди ќерка во урнатините на градот кој е разорен од тајфунот Хаијан, а потоа и го даде името на својата мајка која исчезнала во невремето.

Девојчето е родено денеска во уништената аеродромска зграда која е претворена во импровизиран медицински центар.

filibebe1

- Таа е прекрасно девојче и ќе се вика Беа Џој по мојата мајка Беатриз – речи 21-годишната мајка.

Таа изјави дека нејзината мајка исчезнала во брановите кои навлегле во нивниот дом недалеку од Таклобан, главниот град на провинцијата Лејт, кое е едно од најпогодентие подрачја од тајфунот.

filibebe2

filibebe3

Нејзиниот сопруг рече дека кога удрил првиот бран ја понел нивната дрвена куќа внатре на копно и ги заплиснал домашните.

filibebe4

Тој рече дека водата ја однела целата населба и по силната бура останале урантини а под нив човечки тела и животни.

- Денеска треба да славиме, но и да ги оплакуваме жртвите – изјави овој човек.

Коментари

Популарно