Македонија победи и се пласираше во вториот круг!

Уште еден драматичен на македонската ракометна репрезентација на европското првентсво во Данска. Но, овој пат и двата бода одат на нашето конто. Абстрија не успеа да се спаси како Чешка.

hitportal-makedonija-rakomet

Херој на мечот најслабиот наш поединец на претходниот меч и најдобриот од првиот дуел со Данска, Борко Ритевски. Фантастичен беше нашиот голман со 50% или 19 одбрани. Најефикасен како и секогаш Кире Лазаров со 8 гола од кој последниот беше за победа. Можеби малку потфрлија крилата, но затоа одбраната беше одлична. Дозволивме само 21 гол од кои само 15 од игра.

Со овие два бода Македонија заслужено оди во втората група, а колку бода ќе носи ќе зависи од вечерашниот натпревар помеѓу Данска и Чешка. Со победа на домаќинот Македонија ќе влезе со два бода и добри шанси за одличен пласман.

Коментари

Популарно