ФОТО: Ништо од примирјето – демонстранти ја нападнаа полицијата во Киев, 20 полицајци повредени

Радикални демонстранти на киевскиот плоштад „Независност“ нападнаа кордон полицајци на улица во близина на плоштадот. Со тоа е нарушено примирјето во Денот на жалост.

kkiev

Демонстрантите употребија огнено оружје против полицијата која се повлече и чека засилување, јави ИТАР-ТАСС.

Украинското МВР соопшти дека снајперист пука врз полицајците на плоштадот и притоа се ранети над 20 припадници на полицијата.

kk11

Демонстрантите палат гуми и фрлаат со молотови коктели и камења врз полицијата. Силите на редот пукаат врз демонстрантите со гумени куршуми и шок бомби. Портпаролот на МВР во изјава за локална телевизија изјави дека врз полицајците била употребена и отровна суспстанца.

kk22

Припадници на специјаланата полициска единица „Беркут“ презедоа акција и се обидуваат да ги растераат демонстрантите од киевскиот плоштад „Независност“, јави ИТАР-ТАСС. Во операцијата се употребуваат шок-бомби и гумени куршуми. На плоштадот се слушаат силни експлозии и се издига црн густ чад.

Коментари

Популарно