ВИДЕО: Демонстрантите го освоиле Лутск, полицијата се предала, гувернерот врзан за метален столб

Демонстрантите во градот Лутск на западот на Украина ја урнале локалната власт, а регионалниот гувернер го извлекле од канцеларијата и со лисици го врзале за метален столб, при што го терале да потпише оставка.

baskalenkoslika

Демонстрантите го симнале од власт Олександр Башкаленко, кој лично од Јанукович беше именуван за регионален гувернер.

Сето ова се случувало само неколку часа откако Јанукович договорил примирје со опозиционите лидери и прогласил ден на жалост во Украина поради крвавите немири во кои загинале најмалку 26 лица.

Неколку илјади демонстранти во Лутск ги кршеле прозорите и фрлале молотови коктели кон владината зграда, вклучувајќи го и седиштето на полицијата во тој град.

-Денес лично и дадов наредба на полицијата да излезе, влеговте и тука немаше никој, влеговте без проблеми, им рекол Башкаленко на демонстрантите.

Демонстрантите ја опседнале зградата на полицијата цел еден час пред полицајците да се предадат.

Башлаленко бил насилно изведен пред зградата и врзан со лисици за метален столб.

Демонстрантите се обиделе да го натераат да потпише оставка.

Коментари

Популарно