Грчката армија со хеликоптери на граница, состојбата со Албанија напната

На албанско – грчката граница состојбата е напната, а граничната линија ја надгледуваат и хеликоптери на грчката армија, пренесува „Макфакс“. 

helicopter

Влошувањето на односите се случи по реакцијата на албанското министерство за надворешни работи, кое ја обвини Атина дека се меша во внатрешните работи на Албанија. Тензиите меѓу Тирана и Атина се зголемени по состанокот на Советот на албанската погранична општина Химара во петокот на кој советниците од Партијата за човекови права, во која членуваат претежно припадници на грчкото малцинство, бараа Химара да се прогласи малцинска зона. Истото барање веднаш беше подржано од Грчкото министерство за надворешни работи, а Тирана оцени дека Грција се меша во внатрешните работи на Албанија .

Албанските медиуми јавија дека Атина зголемената контрола на границата со Албанија со војници и надгледување со хеликоптери ја објаснува со потребата од зголемена контрола на границата.

Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште

Населба, болница и училиште, рано утрово беа превентивно евакуирани поради шумскиот пожар што утрово избувна во близина на поморската база Суда на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Во пожарот интервенираат 79 пожарникари со пет пешадиски тима, 22 возила и еден хеликоптер, помагаат припадници на воената морнарица, волонтери и цистерни од општините, а ситуацијата е подобрена и според локалните медиуми не постои активно жариште.

Утрово, преку порака од европскиот број за итни случаи 112 до жителите на областа околу воената база беше побарано превентивно да се евакуираат.

Според локалните медиуми, пациентите од болницата што е во близина биле префрлени во болницата во Ханиа.

Видео: Во Хрватска падна снег

На подрачјето на Горски котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.

Снег ја зафати и Горанската делница на автопатот А6 Риека-Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.

Меѓународна полициска акција во БиХ

Во Босна и Херцеговина во тек е меѓународната полициска акција при што се уапсени повеќе лица, меѓу кои и високи полициски службеници, поврзани со наркокартелот „Тито и Дино“.

Во соопштението од Обвинителството на БиХ се наведува дека апсења и претреси се вршат на десетици локации, на подрачјето на Сараево, Зеница и Мостар, а цел на акцијата се неколку осомничени физички и правни лица.

Меѓународна поддршка за акцијата обезбедија американските ФБИ, ДЕА и Европол.

Осомничени се повеќе од 15 лица кои се поврзани со организиран криминал, нелегална трговија со наркотици, перење пари и други слични кривични дела.

Популарно