(ФОТО) Силно невреме во Албанија, тројца мртви: Ветерот дувнал човек од кров

poplavi-albanija-tri-zrtvi-01

Водата поплавила складишта и постројки на некои од најголемите албански претпријатија кои се наоѓаат покрај автопатот кон Драч. Земјоделските подрачја на северозападот на земјата се поплавени.

Три лица загинале во големите дождови и поплави кои вчера ја погодиле Албанија, а земјата се подготвува за уште полошо невреме и денес.

poplavi-albanija-tri-zrtvi-02

Една лице загинало во својот автомобил кој бил однесен од надојдената вода, друго било пронајдено удавено во река, додека третиот загинат бил оддуван од силниот ветер од кров на куќа.

poplavi-albanija-tri-zrtvi-03

Училиштата се затворени до следната одлука, а војската и итните служби почнале да евакуираат луѓе од некои подрачја во земјата.

poplavi-albanija-tri-zrtvi-04

Сообраќајот на новиот автопат кој ја поврзува Тирана со Драч е прекинат поради високите води.

poplavi-albanija-tri-zrtvi-05

Водата поплавила и складишта и постројки на некои од најголемите албански претпријатија кои се наоѓаат покрај автопатот кон Драч.

poplavi-albanija-tri-zrtvi-06

Земјоделските подрачја на северозападот на земјата се потопени, а неколку мостови во планинскиот дел на северот на земјата се уништени.

Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште

Населба, болница и училиште, рано утрово беа превентивно евакуирани поради шумскиот пожар што утрово избувна во близина на поморската база Суда на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Во пожарот интервенираат 79 пожарникари со пет пешадиски тима, 22 возила и еден хеликоптер, помагаат припадници на воената морнарица, волонтери и цистерни од општините, а ситуацијата е подобрена и според локалните медиуми не постои активно жариште.

Утрово, преку порака од европскиот број за итни случаи 112 до жителите на областа околу воената база беше побарано превентивно да се евакуираат.

Според локалните медиуми, пациентите од болницата што е во близина биле префрлени во болницата во Ханиа.

Видео: Во Хрватска падна снег

На подрачјето на Горски котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.

Снег ја зафати и Горанската делница на автопатот А6 Риека-Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.

Меѓународна полициска акција во БиХ

Во Босна и Херцеговина во тек е меѓународната полициска акција при што се уапсени повеќе лица, меѓу кои и високи полициски службеници, поврзани со наркокартелот „Тито и Дино“.

Во соопштението од Обвинителството на БиХ се наведува дека апсења и претреси се вршат на десетици локации, на подрачјето на Сараево, Зеница и Мостар, а цел на акцијата се неколку осомничени физички и правни лица.

Меѓународна поддршка за акцијата обезбедија американските ФБИ, ДЕА и Европол.

Осомничени се повеќе од 15 лица кои се поврзани со организиран криминал, нелегална трговија со наркотици, перење пари и други слични кривични дела.

Популарно