(Видео) Топки град колку човечка тупаница, торнадо направи хаос во Кина

Пет лица загинаа вчера во торнадо во јужната кинеска метропола Гуангжу.

Новинската агенција Ксинхуа јави дека во невремето се повредени уште 33 лица.

„Ова беше како Армагедон“, коментира еден жител. Град со големина на тупаница паѓал и ги пробил покривите.

Според очевидци, градот убил и некои домашни животни.

Според официјалните податоци, невремето оштетило 141 фабричка зграда, но ниту една станбена зграда не е уништена. Според Ксинхуа, спасувачката работа е веќе во голема мера завршена.

По торнадото, метеоролошката станица во областа Баијун во Гуангжу забележа брзина на ветер од повеќе од 20 метри во секунда (72 км/ч).

Пред само една недела, обилните дождови ги зафатија Гуангжу и околната провинција Гуангдонг, при што загинаа најмалку четири лица и беа принудени да се евакуираат повеќе од 100.000 жители.

Гуангжу има над 18 милиони жители. Главниот град на провинцијата е еден од најважните економски центри во Кина.

„Види таму на тој Љубе рацете му биле цели во крв…“

Денеска (14.05.2024) во 12.30 во СВР Скопје било пријавено дека во с.Стајковци, скопско, на тераса и на скали во домот со повреди на главата биле пронајдени С.К. (57) и нејзиниот девер В.К. (64).

Лекар од Итна медицинска помош на местото констатирал смрт кај С.К., додека В.К. со повреди бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде што во 14.00 часот починал.

Полициски службеници од Полициската станица Гази Баба и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје со убодни рани го пронашле и Љ.К.(67), брат на В.К., кој имал здравствени проблеми и за кој постои сомнение дека е сторител на убиството.

Тој, исто така, е пренесен во медицинска установа за укажување помош. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Сведоштва на жители на Стајковци

– Беа мирни и питоми луѓе, што и како се случувало помеѓу нив, јас лично не знаев. А, ова што се случило е жалосно и трагедија голема. Немам зборови како да го опишам. Отпосле кога слушнавме што и како, касно беше за се, вели еден жител на Стајковци. 

– Моментално доаѓав од главната улица, иде продавачката и ми вика застани. Прашав што е работата. Види таму на тој Љубе рацете му биле цели во крв. Во меѓувреме дојде и тој комшијата и отидовме да видиме, што ќе видиш… Во меѓувреме повикаа и дојде полиција, ама нешто збореа дека имал и оружје. Јас појдов со полицајците натаму. Они не смеат нормално, може и од прозор ќе пука. Он не е толку моќен, ама со цевка им ги нанел повредите на жртвите, вели за Телма друг жител на Стајковци. 

СЕ ОГЛАСИЈА ОД ОЈО: Сторителот си го убил братот и сопругата на другиот брат

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, заедно со инспектори и увидна екипа на МВР и тим од обдуценти од Институтот за судска медицина, извршија увид на лице место во семејна куќа во селото Стајковци каде попладнево едно лице ги лишило од живот сопствениот брат и сопругата на другиот брат, кој претходно бил починат.

Причините се утврдуваат. Сторителот е идентификуван и обезбеден. Тој е хоспитализиран со повреди.

Обезбедени се траги на лице место кои ќе бидат предмет на вештачење, а по наредба на јавниот обвинител телата на починатите ќе бидат дадени на обдукција.

Двојно убиство во Стајковци

Попладнево имало двојно убиство во скопско Стајковци.

Неофицијално маж ги убил братот и снаата, по што самиот се избодел. 

Во моментов е хоспитализиран во болницата „Свети Наум Охридски“, неофицијално потврдуваат од СВР Скопје.

ДИК прифати седум приговори - шест во Петтата изборна единица и еден во Шестата изборна единица

Државната изборна комисија (ДИК) на 104 седница ги разгледа приговорите поднесени од политичките партии по одржувањето на парламентарните избори на 8 мај.

Од вкупно 27 поднесени приговори - девет од коалицијата „Влен“, осум од ВМРО-ДПМНЕ, пет од СДСМ и четири од Левица, прифатени се седум и тоа шест во Петтата изборна единица и еден во Шестата изборна единица.

Во Изборната единица 5 прифатени се приговорите за избирачките места 1272 во Охрид, 1194 и 1202 во Крушево, 1844 во Струга, 1470 и 1470/1 во Долнени. Во Изборната единица 6 прифатен е еден приговор за избирачкото место 2102 во Желино. 

Против одлуката на ДИК може да се поднесе тужба до Управниот суд, во рок од 24 часа од приемот на решението. Управниот суд, пак, по жалбата е должен да донесе одлука во рок од 48 часа по нејзиниот прием. 

Според првичните официјални резултати за парламентарите избори што ги објави ДИК, Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ има освоено 58 пратенички мандати, по што следуваат Коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ со 19 пратенички мандати, Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ со 18,  Коалицијата ВЛЕН со 13, а Движење ЗНАМ за наша Македонија и Левица по шест пратенички мандати. 

Популарно