Бизарен ценовник: Колку чинат деловите од човечкото тело на црниот пазар?

Во светов постои се, па и ценовник за деловите на човечкото тело на црниот пазар.

kolkucinatdeloviodtelo

Американската организација за медицинска трансплантација создаде бизарен ценовник за деловите на човечкото тело. Некои делови се шокантно евтини! Што би сакале да си купите, ново рамо или нов „iPad“? И двете чинат 500 долари.

Други органи чинат многу повеќе. Така на пример, еден бубрег чини 262.000 долари во САД, а во други држави цената му е пониска. Еве ја комплетната листа:

Пар очни јаболка: 1.525 долари

Череп: 607 долари

Череп со заби: 1.200 долари

Рамо: 500 долари

Коронарна артерија: 1.525 долари

Срце: 119.000 долари

Црн дроб: 157.000 долари

Дланки со подлактици: 385 долари

450 мл крв: 337 долари

Слезенка: 508 долари

Желудник: 508 долари

Тенко црево: 2.519 долари

Бубрег: 262.000 долари

Жолчно ќесе: 1.219 долари

Кожа: 10 долари за 6.5 цм2

Дневен Хороскоп

ОВЕН

Периодот е поволен за започнување со поправка на домот или викендицата. Со помош на пријателите ќе се справите со тешкотиите кои се појавуваат и брзо ќе напредувате. Ќе бидете задоволни од вниманието и убав подарок од саканата личност. За возврат, исто така, ќе понудите изненадување, ќе биде забавно и пријатно.

БИК

Потпирајте се на вашата искреност и одржувајте ги ветувањата што сте ги дале. Добро е да се справите со нив, бидејќи тие се однесуваат на интересите на влијателна личност, која доколку успеете, би ја придобиле на ваша страна. Не ги занемарувајте ниту вашите најблиски. Со вашиот успех ќе им помогнете и на вашите најблиски кои тоа го очекуваат од вас.

БЛИЗНАЦИ

Денот ќе биде напорен, но во исто време и доста интересен. Ви претстојат средби со интересни луѓе и корисни информации кои треба да ги искористите. Искористете ја вашата фантазија и смислете оригинален начин како да ја поминете вечерта.

РАК

Домот и семејството ќе ве привлечат како магнет и со задоволство ќе им го посветите денот. Тешкотиите од последните денови се веќе надминати и со задоволство ќе откриете дека среќата веќе ви се враќа. Ова ќе влијае на сите области од вашиот живот. Живејте мирно и со отворено срце.

ЛАВ

Денешниот ден ќе помине под знакот на емоциите. Вашето расположение постојано се менува, па не треба да се чудите ако другите се одвраќаат од вас. Во такви моменти е доста тешко да се контактира со вас. Смејте се почесто.

ДЕВИЦА

Внатрешните чувства ќе ве водат на директен пат кон успехот. Внимателноста ве тера да се пибегнувате главно на сигурно. Грешките се исклучени и имате можност брзо да напредувате. Но, во интимната сфера можни се несогласувања со партнерот. Направете го она што е потребно за да го доближите до вас, станете понежни со него.

ВАГА

Деловно, ќе ги отфрлите вашите задачи според важноста и приоритетите. Нема да се одминете ниту себеси, ќе одвоите време за сѐ што сте пропуштиле во текот на седмицата, вклучително и за средба со пријателите. Ве исполнуваат со добра енергија и расположение, кои многу ви се потребни.

ШКОРПИЈА

Нема да ви недостига добро расположение и самоуверено ќе одите по својот пат. Ќе имате прилики за лични задоволства. Енергично ќе се занимавате со вашите работи и ќе успеете да завршите голем дел од нив. Ќе ве возбудат мислите поврзани со модата, домот, семејството, саканите. Целите кон првите десет и почесто успевате.

СТРЕЛЕЦ

Можност за профитабилна активност ќе ви ги преокупира мислите и ќе ја искористите. Вашиот напор ќе биде главно насочен на тоа да не се разочарате. Ако тоа успее, може да стане добра перспектива за вашата иднина. Во однос на вашиот интимен партнер, ослободете се од рутината и освежете ја врската со нови емоции.

ЈАРЕЦ

Ќе уживате во моментите со саканата личност и тоа ќе ве исполни со енергија и добри мисли. Повеќето од вас ги очекуваат пријатни изненадувања и добро расположение. Исто така, не ги занемарувајте конструктивните повратни информации од соработниците и партнерите. Вашиот бизнис зависи од вашата добра соработка со нив.

ВОДОЛИЈА

Ќе работите повеќе и ќе чувствувате потреба помалку да се објаснувате, однесување коешто ќе ви донесе успех денеска. Сакајте ги вашите најблиски, но немојте погрешно да ги толкувате нивните проблеми. За здравствени теми консултирајте се со специјалисти, особено доколку се појави здравствен проблем.

РИБИ

Целосна вложеност во работата, што може да се каже за вас, а тоа ве прави победник. Грижете се помалку за тоа кој што кажал, пратете позитивни сигнали до сите и ќе се почувствувате добро. Реновирањето и другите итни обврски може да го променат вашиот распоред, но нема да бидете емоционално оптоварени.

TikTok добива дислајк копче

Уште од објавувањето во 2016 година, TikTok постојано иновира и носи нови функции во својата видео апликација за кратки форми.

Сега апликацијата почна да добива уште една функција, која им овозможува на корисниците интеракција со видео клипови, а многумина беа шокирани од овој потег.

Кон крајот на декември, корисниците почнаа да забележуваат ново копче на десната страна на видеото. Сместено директно под копчето „favorite“, сега има опција „dislike“ со слика со палецот надолу.

Копчето е дизајнирано да помогне во прилагодувањето на For You Page, така што алгоритмот забележува кога не сакате да видите некое видео кое сте го „дислајкувале“ или слично на тоа, без оглед на видот на содржината. Копчето dislike не е достапно за секого, но оние кои можат да го видат се прилично шокирани од новиот додаток.

„Сега можете да дислајкувате видео на TikTok – зошто воопшто би додале нешто такво?“, праша корисник.

Друг корисник го истакнал постоењето на копчето објаснувајќи како случајно не му се допаднало видео наместо да го додаде во неговите омилени – сосема спротивно од она што го замислил.

Функцијата „не ми се допаѓа“ доаѓа само неколку недели пред „ТикТок“ потенцијално да биде забранет во Соединетите држави на 19 јануари.

Најмногу очекуваните 25 филма за 2025 година

На почетокот од 2025 година, американскиот „Лос Анџелес тајмс“ објави 25 филмови што ги оцени како „најнестрпливо очекуваните“ за годинава.

На листата се наоѓаат: документарецот „Лајза: Навистина страшна, апсолутно вистинска приказна“, (Liza: A Truly Terrific Absolutely True Story) (во кината на 31 јануари), „Бриџит Џонс: Луда за момчето“ (Bridget Jones: Mad About the Boy) (13 февруари), „Падингтон во Перу“ (Paddington in Peru) (14 февруари), „Мики 17“ (Mickey 17) (7 март), „Свадбениот банкет“ (The Wedding Banquet) (18 април), Грешници“ (Sinners) (18 април).

Меѓу одбраните 25 филмови е и „Невозможна мисија: Конечното пресметување“ (Mission: Impossible - The Final Reckoning) (со премиера на 23 мај)... Последниот, осми филм од серијалот што трае скоро 30 години, раскажува за Итан Хант (Том Круз) и неговиот тим (одглумен од Сајмон Пег, Винг Рејмс и Хејли Атвел) кои сè уште се во битка да го запрат „Ентитетот“ - непријателска вештачка интелигенција што ѝ се заканува на глобалната стабилност. Ова е четвртата „Невозможна мисија“ на режисерот Кристофер Мекквари, но и осма за веќе 62-годишниот Круз.

Продолжението на акционите филмови „Џон Вик“, насловено „Балерина“ (Ballerina) излегува на 6 јуни. Списокот продолжува со „Елио“ (Elio) (13 јуни), зомби-апокалиптичната сага „28 години подоцна“ (28 Years Later) (20 јуни), „Ф1“ (F1) (27 јуни), како и продолжението на НФ-трилерот „М3ган“ (M3GAN 2.0) (27 јуни).

Натаму се наброени и сè уште ненасловената комедија на Треј Паркер и Мет Стоун закажана за 4 јули, како и проектот Томас Андерсон и Леонардо ди Каприо за на 8 август. Меѓу нив е и најновиот „Супермен“ (11 јули).

Меѓу најистакнатите од овој список е „Пооткачен петок“ (Freakier Friday) - продолжението на комедијата „Откачен петок“ со Линдзи Лохан и Џејми ли Кертис од пред 22 години. Филмот излегува на 8 август.

По него следат: „Невестата“ (The Bride) (26 септември), „Злобница: Засекогаш“ (Wicked: For Good) (21 ноември), „По ловот“ (After the Hunt), „Умри, љубов моја“ (Die, My Love), „Мастермајнд“ (The Mastermind), „Материјалисти“ (Materialists), „Мајка Марија“ (Mother Mary), „Сентиментална вредност“ (Sentimental Value) и „Патот на ветрот“ (The Way of the Wind), за кои нема датуми за киноприкажувањата.

Популарно