Дневен хороскоп

Овен (21.03 – 20.04)

Најверојатно заради намалениот број на соработници, за што се виновни вашите претпоставени, ќе имате малку повеќе работа , но сепак ќе бидете задоволно изморени. Искористете ги овие можности и направете ја својата позиција постабилна, но при тоа немојте да си замислите дека вие сте најспособни.

Бик (21.04 – 21.05)

Пред вас се значајни финансиски трансакции кои сигурно ќе ја подобрат ситуацијата. Емоционално ќе бидете задоволни. Нема да можете да ги контролирате своите, во моментов надојдени страсти. Ваквата ситуација ќе ве зачудува вас, но и околината.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Онаа празнина во љубовта која ја чувствувате до скоро сега веќе нема да ја има. Оние со постојан партнер во пријатна атмосфера ќе го дефинираат годишниот одмор. Слободните припадници ќе заминат на одмор со својата симпатија каде ќе се случат многу нешта.

Рак (22.06 – 22.07)

Денес дозволете си да се разгалите. Дозволете си масажа или пак сауна, тоа одлично ќе ви ја надополни енергијата и ќе ја направи вашата кожа блескава и здрава. Во вечерните часови препуштете се на магијата на читањето книга.

Лав (23.07 – 22.08)

Некој колега во знакот на Овен од вашата работна околина ќе се обиде да ви наметне темпо кое нема да го интересира дали можете да го постигнете или не. Како и да е, обидете се да најдете заеднички јазик по цена и да треба да попуштите, па впрочем некој мора и тоа да го стори.

Девица (23.08 – 22.09)

Малку сте разочарани од новото работно место но не избрзувајте ,се уште е рано. Почнувате да се интересирате за странски јазици па постои можност да се запишете и на некој курс. Финансиската ситуација во моментот е добра.

Вага (23.09 – 22.10)

Бидејќи во вас ќе има поголема напнатост и недоразбирање со работната околина, препорачливо би било да ги избегнувате сите неопходни контакти со истата. Конечно имате разбирања со партнерот. Сега е потребно само помалку да зборувате повеќе да работите на полето љубов и секс па се ќе биде како од бајките.

Скорпија (23.10 – 21.11)

На љубовен план ве очекува позитивен развој на настаните. По природа сте ненаметливи но кога љубовта е во прашање тогаш сте вистински Казанова. Ве очекуваат многу страсти со нова личност во знакот на овен, лав или стрелец. Изборот е ваш

Стрелец (22.11 – 21.12)

Сега ќе бидете во фаза на работни успеси, па така оние помалите проблеми и промашувања едноставно ќе бидат веќе зад вас како ваше минато на кое се разбира воопшто нема ни да помислувате. Колку и да ви е напорно, подобро ќе биде да прошетате во природа отколку да ја стимулирате енергијата со храна.

Јарец (22.12 – 20.01)

Во постапките на работа немојте да се трудите да ги наметнувате вашите идеи и онака ќе најдат примена. Доколку одите тврдоглаво нема да поминете само со пристојни предупредувања. За слободните постои голема шанса да ја најдат личноста од соништата. Бидете средени, шармантни и привлечни.

Водолија (21.01 – 19.02)

Сега е момент нешто да научите но истото и да го практикувате. Доколку наидете на проблеми немојте да ја комплицирате ситуацијата. Бидете конкретни и кратки. Некоја личност постојано ќе се обидува да ја уништи вашата врска. Здравјето е добро.

Риби (20.02 – 20.03)

Единствената опасност која ви се заканува за овој ден е брзоплетост и површност. Никаде не ве фаќа место. Токму сега ќе се двоумите дали да прифатите некоја друга работа или да одбиете. Најважно од сѐ е да се обидете да ги разберете и другите, нивните постапки и желби. Токму за ова ќе ви помогне еден искрен разговор на пошироки теми во друштво на искрена личност.

Хороскопски парови кои истрајуваат дури и кога ќе стане тешко

Хороскопските парови кои секогаш преживуваат се тука еден за друг дури и во тешки времиња. Нивната врска е силна и поради довербата и искреноста што ја имаат.

Што и да се случи, тие ќе бидат тука да се поддржуваат еден со друг.

Овие хороскопски парови го имаат целиот потенцијал да ги надминат сите тешкотии. Кога еден од нив не е во најдобра состојба да се соочи со проблеми, тогаш другиот презема иницијатива и го покрива во се.

Хороскопски парови кои секогаш траат

Рак и Јарец

Ова е многу силен пар. Немојте да ве залажува фактот дека Ракот како личност е почувствителен или попридушен. За неговото семејство и оние што ги сака, тој станува повеќе од само карпа и може да направи се. Може да ги придвижи и земјата и небото, да помогне и поддржи. Од друга страна, Јарците се многу силни, па не им е тешко да му помогнат и да го поддржат Ракот, но и да го негуваат и да направат се што треба за да излезат посилни од целата ситуација.

Лав и Овен

Нивната сила во заедницата е неизмерна. Тоа се две личности кои по природа се лидери. Тие се многу силни карактери, но успешно примаат удари. Што и да се случи во животот, другиот ќе биде многу среќен да му помогне, да го поддржи и да стане негова карпа додека не се надминат сите пречки и проблеми. Знаат што да прават и му даваат на другиот онолку време колку што му е потребно за да застане на нозе.

Вага и Девица

Ова е пар кој навистина ќе стои еден до друг до крај. Тоа е во исто време карпа која е потпора и мирно пристаниште каде што можат да бидат во мир. Вагите секогаш го поддржуваат партнерот и им помагаат во се. Тие се грижат за нивната општа благосостојба и ако тоа е добро, и Вагите ќе бидат добри. Во тешки времиња, тие ќе чекорат напред и ќе преземат иницијатива. Од друга страна, Девиците даваат и им служат на луѓето. За неа поддршката на партнерот е се. Во спротивно тоа би го сметала за предавство, па не би ни зборувала за тоа.

Ова се двата најинтелигентни хороскопски знаци

Без разлика дали сте авторитетен Овен или грижлив Рак, секој хороскопски знак има свои најпривлечни квалитети. Овие астролошки читања можат да предвидат сè, од вашата романтична компатибилност до вашето здравје.

Но, кога станува збор за интелигенција, кој знак го презеде тронот?

Имено, Водолијата и Скорпијата се најпаметните хороскопски знаци, велат астролозите, но поради две сосема различни причини.

Луѓето родени во знакот Водолија имаат највисоко ниво на аналитичка интелигенција, која се мери со когнитивните способности и коефициентот на интелигенција.

Скорпиите, од друга страна, имаат попребирлив ум; тие се најдобри во реалното оценување и разбирање на светот како целина.

Тоа не значи дека другите знаци не се интелигентни на свој начин. Всушност, Близнаците и Вагата имаат и многу когнитивни способности, додека Ракот и Рибите се емотивно најинтелигентни; со други зборови, тие се одлични во препознавање и судење на сопствените и туѓите чувства.

Од друга страна, земјените знаци Бик, Девица и Јарец покажуваат практична интелигенција, а огнените знаци Овен, Лав и Стрелец имаат тенденција да бидат најинтуитивни, што ги прави повеќе склони кон ризик.

Ова се три хороскопски знаци кои се вистински нарциси

Хороскопот открива многу за нашиот карактер.

Тој ги открива нашите добри и лоши страни. Сите се сакаме себеси и понекогаш сакаме да бидеме во центарот на вниманието, но постојат три знаци кои се вистински нарциси.

Овен

Овните се познати по својата импулсивност, упорност и желба за внимание. Тие се способни да направат драма од ништо и не само што не им е важно како ќе изгледа тоа во вашите очи, туку и се полни со себе кога тоа ќе се случи. Сакаат да бидат доживеани како храбри и единствени и веруваат дека се многу подобри од останатите. Никој не знае ништо подобро од нив.

Лав

Родените во овој знак се познати по својата драматична природа и потреба за внимание. Тие живеат за моментите кога се во центар на вниманието и тогаш се чувствуваат како ѕвезди. Нивната самоувереност често се изразува како нарцисоидност бидејќи тие сакаат да зборуваат за својот успех, но и тоа колку се сакани и ценети.

Стрелец

Стрелците се познати по својата независност и спонтаност. Ја сакаат слободата и сметаат дека не мораат за ништо да им се објаснуваат на другите. Но, нивната постојана желба за авантура може да направи да сметаат дека само нивните искуства се важни и дека со самото тоа тие се подобри од другите кои не живеат на ист начин. 

Популарно