Дневен хороскоп - топла сабота

ОВЕН

Многу ќе разговарате за љубовта и ќе ги анализирате вашите и туѓите чуства. Ќе сакате да се дужите со пријателите да излегувате на кафе вечера и сл. Ако сте во врска многу ќе ви биде важно вниманието на партнерот. Не го занемарувајте телесниот аспект на врската. Препуштете се на страстите и покажете колку и вие знаете да бидете жешки. Здравје: проблеми со алергии и други проблеми на кожата.

БИК

Ве очекуваат интересни и конфузни ситуации во работата. Тие ќе се одразат во вашиот живот. Главните порблеми ќе ги имате во љубовта. Упорно ќе го запоставувате партнерот и ќе бидете наклонети кон неверства. Ваквото однесување се должи на неискрените односи што ги имате кон партнерот и арогантното однесување. Здравствената состојба ви е чуствителна бидете внимателни.

БЛИЗНАЦИ

Ќе се занимавате со напорни и досадни работи, решавање на некои порези, заостанати сметки долгови и др. Ве советуваме да побарате интерес врзан за странски јазици, уметност или некоја хуманитарна работа. Негувајте го хобито кое ве исполнува и патувајте со духот ако не можете со телото. Ве очекуваат контакти со странство. Ако имате проблеми со срцето и крвниот притисок обрнете поголемо внимание.

РАК

Во работата ќе бидете непостојани и склони кон кавги со претпоставените. Внимавајте како се однесувате и што зборувате. Премногу значење ќе им придадете на материјалните работи во животот и ќе започнувате расправии со партнерот. Ќе мора да го заборавите минатото и да продолжите доколу среќно да живеете. Во односите со семејството ќе покажете разбирање. Здравје: променливо.

ЛАВ

Не започнувајте нови работи. Отежнатите прилики ви ја нагризуваат самодовербата, а околината, партнерот и соработниците премногу делуваат врз вас. Некои ќе завземат видлив агресивен став како би се снашле во секојдневните битки, други пак ќе избегаат во забава без чуства и одговорности. Причекајте да помине напнатоста. Концентрацијата ви е лоша. Внимавајте при земањето на лекови и алкохол.

ДЕВИЦА

Бидете конкретни ако барате да ве подржат во некој деловен план. Онолку колку што ќе бидете убедливи толку и ќе добиете поддршка. Можно е и да заминете на некој службен пат. Нема таква сила која ќе ве убеди во спротиното од она што вие сте го замислите. Тоа е само последица на непотребна љубомора која може се да расипе. Бидете потолерантни. Здравјето добро ве служи.

Woman standing on mountain top looking at mountain landscape and blue sky.

ВАГА

Ќе бидете доста напнати а во извршувањето на работните задачи ќе се среќавате со некои тешкотии. Затоа ви препорачуваме сега за сега да се занимавате само со работи кои се убави, а кризните ситуации да се обидете да ги разрешите на мирен начин. Избегнувајте го секој облик на агресија. Љубовниот живот ви е скаладен, ве очекуваат пријатни моменти во душтво на партнерот. Здравјето ви е просечно, ви треба рекреација.

ШКОРПИЈА

Ве очекуваат новини на работно поле, но овие промени ќе бараат од вас жртва. Ќе морате да превземете и дел од работата на другите, бидејќи вашите интереси се заеднички. Решавањето на проблемот што ве измаувал многу ќе ве расположи. Постои можност за некое патување и на вас останува да одлучите. На партнерот не му одговара вашата презафатеност со работата. Здравјето одлично ве служи.

СТРЕЛЕЦ

Ако некои работи подолго време сте го чувале само за себе, денес е време да ги откриете пред другите. Имате голема шанса да овој работен ден ви биде многу успешен. Во љубовта ден кога ќе се повлечете во себе и ќе се чуствувате осамени и напуштени. Совет: излезете забавувајте се не мислете на вашите проблеми едноставно уживајте во убавините на животот. Здравје: проблеми со синусите и воспаленија.

ЈАРЕЦ

Павилно ќе ја прецените моменталната ситуација на работното место но ќе заборавите на некои помали делови кои се доста важни. Ќе ви помогне ваш стар пријател или колега и ќе направи работата да биде спасена. Преоптоварени сте со деловни обврски и немате доволно време за приватниот живот. Морате нешто да превземете околу тоа прашање, зошто на крај можеби ќе бидете напуштени. Здравје: замор.

ВОДОЛИЈА

Добро ќе се снаоѓате во решавањето на финансиските проблеми и тоа необичен начин. Ќе добиете добри вести и нечија поддршка. Ќе имате нагласена потреба за размена на чуства. Слободните би можеле да започнат љубовна романса базирана врз физичка привлечост, а во сериозните врски се повеќе ќе зависите од партнеровото внимание и љубов. Подарете ја вашата доверба на саканата личност.

РИБИ

Односите со околната не се стабилни, можни се недоразбирања со колегите и претпоставените. Ако сакате да постигнете резултати во тоа што го работите најмногу ќе ви користи упорна работа и добра организација на работните задачи. Личностите кои ве опкружуваат имаат сопствени интереси и не ви се наклонети. Љубовниот живот ви е стабилен и хармоничен. Разговарајте со партнерот. Здравје: просечно.

Овој хороскопски знак ќе добие неочекуван повик

Овен

До крајот на денот поволни вести од странство во врска со патувањето. Партнерството е многу нестабилно, бидејќи не се трудите доволно на вашата врска. Здравјето е одлично.

Бик

Подгответе се за разговор со личност Овен која е многу важна за вашиот бизнис. Што се однесува до партнерскиот однос, внимавајте на зборовите што ги кажувате бидејќи вашиот партнер е многу чувствителен. Здравствената состојба е стабилна.

Близнаци

На вас останува да донесете важна одлука во врска со патувањето. До крајот на денот позитивни вести од личност која ви е многу важна во бизнисот. Што се однесува до здравјето, внимавајте на можните проблеми со нозете.

Рак

Денес ќе бидете под впечаток на минатото и спомени, што ќе ви предизвика чувство на носталгија. Во текот на денот внимавајте на вашето здравје бидејќи можни се проблеми со грлото и главоболката.

Лав

Денес слаба точка ви е кичмата, но и притисокот. Подгответе се да одморите малку повеќе и да работите помалку. Личност под знакот Јарец е одлична деловна поддршка за вас.

Девица

Ќе имате ненадеен повик од лице од странство поврзано со деловната страна. Партнерството е многу добро и ве прави среќни. Внимавајте на исхраната и одморете повеќе.

Вага

Денес е совршен ден да завршите се што имате за да можете да се одморите во мир во текот на следните денови. До крајот на денот можни се поволни вести од странство во врска со член на семејството.

Шкорпија

Во наредниот период ве очекува многу работа, а денес обидете се подобро да се организирате на тоа поле. Здравствената состојба е непроменета. Обидете се да бидете повеќе внимателни на вашите емоции.

Стрелец

Почнувајќи од утрото ќе имате многу обврски со членовите на семејството, особено со некој постар член од семејството. Бидете свои, особено кога станува збор за деловна ситуација. Проблем со притисокот.

Јарец

Најважниот дел е работата и во текот на денот ќе се трудите да бидете најефикасни. Ве очекува многу поволен глас во однос на заработката и можноста за напредување на работа. Ќе имате важен состанок со личност под знакот Вага.

Водолија

Ова е идеален период да се посветите, особено кога се во прашање љубовните и емотивните врски. Односот со членовите на семејството е постабилен, но сепак сте притиснати од нивните проблеми. Здравствената состојба е многу добра.

Риби

Во текот на денешниот ден ќе бидете многу отворени за другите, особено кога станува збор за односот со пријателите и партнерот. Деловната ситуација ве загрижува, но ќе биде стабилна во наредниот период.

Хороскопски парови кои истрајуваат дури и кога ќе стане тешко

Хороскопските парови кои секогаш преживуваат се тука еден за друг дури и во тешки времиња. Нивната врска е силна и поради довербата и искреноста што ја имаат.

Што и да се случи, тие ќе бидат тука да се поддржуваат еден со друг.

Овие хороскопски парови го имаат целиот потенцијал да ги надминат сите тешкотии. Кога еден од нив не е во најдобра состојба да се соочи со проблеми, тогаш другиот презема иницијатива и го покрива во се.

Хороскопски парови кои секогаш траат

Рак и Јарец

Ова е многу силен пар. Немојте да ве залажува фактот дека Ракот како личност е почувствителен или попридушен. За неговото семејство и оние што ги сака, тој станува повеќе од само карпа и може да направи се. Може да ги придвижи и земјата и небото, да помогне и поддржи. Од друга страна, Јарците се многу силни, па не им е тешко да му помогнат и да го поддржат Ракот, но и да го негуваат и да направат се што треба за да излезат посилни од целата ситуација.

Лав и Овен

Нивната сила во заедницата е неизмерна. Тоа се две личности кои по природа се лидери. Тие се многу силни карактери, но успешно примаат удари. Што и да се случи во животот, другиот ќе биде многу среќен да му помогне, да го поддржи и да стане негова карпа додека не се надминат сите пречки и проблеми. Знаат што да прават и му даваат на другиот онолку време колку што му е потребно за да застане на нозе.

Вага и Девица

Ова е пар кој навистина ќе стои еден до друг до крај. Тоа е во исто време карпа која е потпора и мирно пристаниште каде што можат да бидат во мир. Вагите секогаш го поддржуваат партнерот и им помагаат во се. Тие се грижат за нивната општа благосостојба и ако тоа е добро, и Вагите ќе бидат добри. Во тешки времиња, тие ќе чекорат напред и ќе преземат иницијатива. Од друга страна, Девиците даваат и им служат на луѓето. За неа поддршката на партнерот е се. Во спротивно тоа би го сметала за предавство, па не би ни зборувала за тоа.

Ова се двата најинтелигентни хороскопски знаци

Без разлика дали сте авторитетен Овен или грижлив Рак, секој хороскопски знак има свои најпривлечни квалитети. Овие астролошки читања можат да предвидат сè, од вашата романтична компатибилност до вашето здравје.

Но, кога станува збор за интелигенција, кој знак го презеде тронот?

Имено, Водолијата и Скорпијата се најпаметните хороскопски знаци, велат астролозите, но поради две сосема различни причини.

Луѓето родени во знакот Водолија имаат највисоко ниво на аналитичка интелигенција, која се мери со когнитивните способности и коефициентот на интелигенција.

Скорпиите, од друга страна, имаат попребирлив ум; тие се најдобри во реалното оценување и разбирање на светот како целина.

Тоа не значи дека другите знаци не се интелигентни на свој начин. Всушност, Близнаците и Вагата имаат и многу когнитивни способности, додека Ракот и Рибите се емотивно најинтелигентни; со други зборови, тие се одлични во препознавање и судење на сопствените и туѓите чувства.

Од друга страна, земјените знаци Бик, Девица и Јарец покажуваат практична интелигенција, а огнените знаци Овен, Лав и Стрелец имаат тенденција да бидат најинтуитивни, што ги прави повеќе склони кон ризик.

Популарно