Две години не можел да го положи испитот, па решил да ја поткупи професорката, но...

Случајот а кој пишува Jutranji list, се случил на испитот  по математика на прва година на Факултетот за електротехника, машинство и бродарство во Сплит.

fesb

Како што било наведено, професорката од студентите (21 годишен) и неговиот брат (25 годишен) примила папка со 2.000 евра, која веднаш ја исфрлила преку прозорецот и веднаш го пријавила случајот во полиција.

Деканот на факултетот, Свен Готовац, изјавил дека поради потпишаните изјави кои се во тајност во полицијата, не може да зборува за деталите на случајот, но само открил дека 21-годишниот студент кој дал мито му е „поранешен колега".

Сепак, овој студент не бил избркан поради давање мито, туку затоа што на вонредниот рок паднал на испит по математика, кој не успеал да го положи веќе две години, па затоа ја изгубил можноста да ги продолжи студиите.

„Декан сум една година, студирав тука и не сум слушнал за мито, освен во еден случај кога родител понуди пари на професор. Тоа беше уредно пријавено. Ние работиме транспарентно, сите испити се јавни, студентите имаат увид во писмените испити"-рече Готовац.

Исто така, Готовац наведува дека е вообичаено да се остави вратата на кабинетот отворена и дека студентите освен по посебно барање, не се случува да влегуваат поединечно.

Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште

Населба, болница и училиште, рано утрово беа превентивно евакуирани поради шумскиот пожар што утрово избувна во близина на поморската база Суда на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Во пожарот интервенираат 79 пожарникари со пет пешадиски тима, 22 возила и еден хеликоптер, помагаат припадници на воената морнарица, волонтери и цистерни од општините, а ситуацијата е подобрена и според локалните медиуми не постои активно жариште.

Утрово, преку порака од европскиот број за итни случаи 112 до жителите на областа околу воената база беше побарано превентивно да се евакуираат.

Според локалните медиуми, пациентите од болницата што е во близина биле префрлени во болницата во Ханиа.

Видео: Во Хрватска падна снег

На подрачјето на Горски котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.

Снег ја зафати и Горанската делница на автопатот А6 Риека-Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.

Меѓународна полициска акција во БиХ

Во Босна и Херцеговина во тек е меѓународната полициска акција при што се уапсени повеќе лица, меѓу кои и високи полициски службеници, поврзани со наркокартелот „Тито и Дино“.

Во соопштението од Обвинителството на БиХ се наведува дека апсења и претреси се вршат на десетици локации, на подрачјето на Сараево, Зеница и Мостар, а цел на акцијата се неколку осомничени физички и правни лица.

Меѓународна поддршка за акцијата обезбедија американските ФБИ, ДЕА и Европол.

Осомничени се повеќе од 15 лица кои се поврзани со организиран криминал, нелегална трговија со наркотици, перење пари и други слични кривични дела.

Популарно