Еко-фестивалот „Sound of green“ на 28 јуни на Градска плажа

На 28 јуни со почеток во 22 часот, трета година по ред, овојпат на градската плажа "Камени мост" (летен камп "Кастро"), во центарот на градот, ќе се одржи еко фестивалот "Саунд оф грин", во организација на Друштвото за управување со отпад од пакување "Пакомак", а во соработка со "Пасворд продукција". Пред скопската публика ќе настапат едни од најдобрите македонски бендови: "Суперхикс", "Паркети" и диџеј Гоце Д-Сауце.

download (6)

Влезници за фестивалот нема да се продаваат, туку ќе се добиваат во замена за 3 празни пластични шишиња од која било големина. Сите што сакаат да бидат дел од оваа голема журка треба да ги донесат собраните шишиња на пултовите на Пакомак пред влезовите на градската плажа на кеј пред почетокот на концертот на 28 јуни и со тоа да си ја обезбедат својата влезница за овој несекојдневен музички настан.

images (3)

"Спојот на музиката и грижата за животната средина се покажа како успешна формула за да ги поттикнеме младите на забавен начин да ја доживеат селекцијата на пластичниот отпад. Минатата година на овој фестивал имавме одличен одѕив, а оваа година во овие наши активности ни се приклучи и продуцентската куќа "Пасворд продукција", така што, очекуваме оваа година да имаме исто така одлична забава и уште посилни позитивни реакции од публиката за чисто и поубаво Скопје", изјави Ико Брдароски, менаџер за грижа за корисници во "Пакомак".

Ова се датумите за овогодинешниот ПивоФест

Новото издание на фестивалот на пивото и скарата во Прилеп ќе се одржи од 13-ти до 16-ти јули.
 

 

Ова ќе биде јубилејно 15-то издание на Пивофест кој стана заштитен знак на градот и кој секоја година привлекува се поголем и поголем број на посетители од цела Македонија.

Се очекува во наредните денови да бидат објавени пиварниците што ќе учествуваат на фестивалот како и целокупната музичка програма за време на фестивалските денови.

ФОТО: 8 куршуми му го прекинаа патот до дома

Ноќеска околу 2 часот по полноќ во прилепското село Канатларци 24-годишниот Е.И. жител на селото бил застрелан со 8 куршуми, неофицијално дознава Маркукуле.
Според информациите лицето седело пред продавница во селото, при што на враќање кон дома бил зачекан на улица и изрешетен.
Информациите говорат дека лицето им подлегнало на повредите.

Прв до врв и Empire State Building Fitness Centar ве носат на Водно - Матка

Прв до врв заедно со Empire State Building Fitness Centar ве носат на Водно - Матка.

Следниот викенд планирајте го за освојување на Водно, но и продолжена тура до Матка. Турата е рекреативна и е наменета за планинари и велосипедисти.

Патеките за движење на групите планинари и велосипедисти како и останатите детали за турата ќе бидат објавени дополнително.

Турата ја организираат Прв до врв и Empire State Building Fitness Centar.

За повеќе информации одете на линкот тука.

Популарно