ФОТО: Албанец ѕверски егзекутиран од џихадистите

Џихадистичката група Исламска држава (ИД) деновиве екзекутирала свој член, албански државјанин, бидејќи одбил и натаму да продолжи да се бори на боиштата во Сирија.

ajrtgjshdfhdfsgh

Како што јави дописникот на МИА, станува збор за Ервин Хасанај ,кој заедно со семејството во Сирија заминал во 2013 година.

Според тиранскиот весник „Шекули“, за Сирија го регрутирал и преку аеродромот во Тирана за Истанбул бил испратен од самопрогласениот имам Бујар Хиса од џамијата во селото Мезез, кој една година е во притвор во најобезбедуваниот затвор во Тирана.

- За да биде поубедливо дека оди на семејно патување, со Ервин, сопругата и двете мали ќерки на возраст од две и четири години, биле и братот и мајката на сопругата на Ервин. Сите отпатувале за Истанбул на 11 ноември 2013 година, а по шест дена шурата и тештата на Ервин се вратиле назад во Албанија, наведува „Шекули“.

По езекуцијата на Хасанај, неговото семејство останува и натаму во Сирија, додава весникот.

Информациите, според „Шекули“, се добиени по оперативен пат од страна на албанската тајна служба ШИШ, која потврдува дека официјално Хасанај е 17-тиот загинат албански државјанин од најмалку стотина колку што се на боиштата во Сирија и Ирак.

Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште

Населба, болница и училиште, рано утрово беа превентивно евакуирани поради шумскиот пожар што утрово избувна во близина на поморската база Суда на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Во пожарот интервенираат 79 пожарникари со пет пешадиски тима, 22 возила и еден хеликоптер, помагаат припадници на воената морнарица, волонтери и цистерни од општините, а ситуацијата е подобрена и според локалните медиуми не постои активно жариште.

Утрово, преку порака од европскиот број за итни случаи 112 до жителите на областа околу воената база беше побарано превентивно да се евакуираат.

Според локалните медиуми, пациентите од болницата што е во близина биле префрлени во болницата во Ханиа.

Видео: Во Хрватска падна снег

На подрачјето на Горски котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.

Снег ја зафати и Горанската делница на автопатот А6 Риека-Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.

Меѓународна полициска акција во БиХ

Во Босна и Херцеговина во тек е меѓународната полициска акција при што се уапсени повеќе лица, меѓу кои и високи полициски службеници, поврзани со наркокартелот „Тито и Дино“.

Во соопштението од Обвинителството на БиХ се наведува дека апсења и претреси се вршат на десетици локации, на подрачјето на Сараево, Зеница и Мостар, а цел на акцијата се неколку осомничени физички и правни лица.

Меѓународна поддршка за акцијата обезбедија американските ФБИ, ДЕА и Европол.

Осомничени се повеќе од 15 лица кои се поврзани со организиран криминал, нелегална трговија со наркотици, перење пари и други слични кривични дела.

Популарно