ФОТО: Камиказа на автопатот Скопје-Велес - со автомобил во спротивен правец

Не е прв пат некој несовесен возач да го направи овој неверојатно ризичен потег. Автомобил вчера се движел во спротивен правец на автопатот Скопје – Велес.

sprotivno

Полицијата го запрела возачот на излегување од тунелот. Возачите велат дека ова е чест случај на оваа делница. И во полиција имало неколку пријави за возачи, и со домашни и со странски регистарски таблички, кои се движат во спротивен правец на овој автопат.

Престрелка во Скопје

Во 21 часот синоќа на улицата „Петар Манџуков“ во Скопје, во спортска обложувалница непознат маскиран сторител извршил разбојништво над вработениот. Крадецот, како што информира денеска полицијата, со закана со пиштол од вработениот одзел 46.670 денари, по што побегнал во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Нова трагедија на автопатите - Загина тетовчанец

Во тешка сообраќајна несреќа која се случила околу 8 часот вчера наутро близу патарината Групчин, загина еден тетовец.

Според полицијата, од засега непознати причини автомобил „бмв“ на автопатот Тетово-Скопје излетал од патот, при што од силниот удар, возачот го загубил животот.

Ученик претепал наставник во основно училиште - му ја скршил главата

Ученик (15) од гостиварското село Симница физички го нападнал наставникот Ш.К. (62) од основното училиште „Исмаил Ќемали“ од истото село иму нанел телесни повреди.

По вербална расправија помеѓу 15-годишниот ученик и наставникот малолетникот се нафрлил на наставникот и почнал да го удира со клоци и тупаници по главата и телото. Друго лице од училиштето успеало да ги раздвои. Наставникот завршил со расекотина на левата страна од главата и оток на челото и бил пренесен во здравствена установа каде му била укажана медицинска помош.

15-годишникот, заедно со родителот, бил повикан во полициската станица Гостивар, а по целосното расчистување на сите поединости, тој ќе се соочи со соодветен поднесок.

Популарно