ФОТО: Ова е фитнес инструкторката тешко повредена во синоќешното пукање во Нови Сад

Теодора Качански (30), фитнес инструкторката од Нови Сад, вчера е тешко ранета во пукањето кое се случило околу 18 часот во новосадската населба Телеп.

teodora
С

Според инфорациите за сега непознат напаѓач излегол од грмушките и кон неа испукал 5 куршума од пиштол, додека таа излегувала од црн Ренџ ровер. Несреќната девојка останала во локва крв пред влезот на зградата во која живеела со своето момче.

teodora2

Неофицијално, станува збор за класична заседа и напаѓачот знаел на кого пука, бидејќи Теодора била сама за време на нападот. Полицијата шпекулира дека се работи за класично предупредување на момчето со кое живеела, со оглед на тоа дека тој од порано бил познат на органите на гонење, па се претпоставува дека нападот има врска со неговите нерасчистени работи.

Нефицијално Теодора куршумите ја погодиле во врат, рака, нога и стомак и е во тешка состојба. Лекарите се борат за нејзиниот живот.

Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште

Населба, болница и училиште, рано утрово беа превентивно евакуирани поради шумскиот пожар што утрово избувна во близина на поморската база Суда на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Во пожарот интервенираат 79 пожарникари со пет пешадиски тима, 22 возила и еден хеликоптер, помагаат припадници на воената морнарица, волонтери и цистерни од општините, а ситуацијата е подобрена и според локалните медиуми не постои активно жариште.

Утрово, преку порака од европскиот број за итни случаи 112 до жителите на областа околу воената база беше побарано превентивно да се евакуираат.

Според локалните медиуми, пациентите од болницата што е во близина биле префрлени во болницата во Ханиа.

Видео: Во Хрватска падна снег

На подрачјето на Горски котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.

Снег ја зафати и Горанската делница на автопатот А6 Риека-Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.

Меѓународна полициска акција во БиХ

Во Босна и Херцеговина во тек е меѓународната полициска акција при што се уапсени повеќе лица, меѓу кои и високи полициски службеници, поврзани со наркокартелот „Тито и Дино“.

Во соопштението од Обвинителството на БиХ се наведува дека апсења и претреси се вршат на десетици локации, на подрачјето на Сараево, Зеница и Мостар, а цел на акцијата се неколку осомничени физички и правни лица.

Меѓународна поддршка за акцијата обезбедија американските ФБИ, ДЕА и Европол.

Осомничени се повеќе од 15 лица кои се поврзани со организиран криминал, нелегална трговија со наркотици, перење пари и други слични кривични дела.

Популарно