Во скопската општина Ѓорче Петров синоќа настанаа немири поради убиството на 19-годишниот Ангел Петковски.
Според информациите до кои дојдовме, убиството се случило поради каранца за украден велоципед. Наводно, велосипедот бил украден од дворот на починатото лице. Кога Ангел и татко му го пронашле велосипедот, Ангел пошол да си го земе додека татко му ја паркира колата. Во тој момент, Ангел бил нападнат од три лица и бил брутално убиен пред очите на својот татко.
Жителите на општина Ѓорче Петров и пошироко, изреволтирани и гневни од овој брутален чин, синоќа ги демолираа скоро сите муслумански дуќани во општината. Наш човек беше на лице место на синоќешните немири во Ѓорче Петров и вели дека глетката не била воопшто пријатна. Полицијата сепак успеа синоќа да ги смири немирите.
Од општината повикуваат да се смират страстите, а полицијата работи на расчитувањето на случајот.