Жестока, самоуверена и секогаш своја… Во вакво издание и овојпат ја видовме Сања Петковска Сани. Фолкерката со своите облини, но и специфичен стајлинг ги запали охридските плажи.
Сепак Сани не појде вака нашминкана на сончање, туку на снимање на новиот видео запис за песната „Побарај ме“.
Песната е на Милан Стефановски и Борче Димитров. За стајлингот во спотот се погрижи дизајнерката Ива Спасовска, а за шминката и фризурата „Петков козметикс“. Спотот го изработи Ване Петкоски, а во него како статист се појавува Силвио Сетинов.
Овој високобуџетен запис ветува многу, а Сани уште отсега не заинтригира каква приказна се крие зад овој впечатлив изглед!