ФОТОРЕПОРТАЖА: Сите убавина на Преспа се собрани во Долно Дупени

На 34 километри од градот Ресен, сместено во подножјето на Баба Планина, на само неколку стотини метри од Преспанското езеро, селото Долно Дупени е вистински рај за оние кои што сакаат да се одморат од градските гужви. Уште додека се движите кон селото, по тесниот, асфалтиран пат може да го почувствувате опојниот мирис на преспанската јаболка, на пченица и пченката. Долно Дупени е село кое изобилува со убавини кои што можат да ги почувствуваат само оние што ќе допатуваат овде.

19
Куќите изградени од камен ве оставаат без здив, и додека наутро ве буди чистиот воздух и мирисот на свеж леб од фурна, со нетрпение се дочекува секој нов ден. „Природата е прекрасна, воздухот е чист, а секој ден е исполнет со мир, тишина и спокој. Во ова село секој посетител е добредојден.“ вели Коте Наумовски, кој е роден и израснат во Долно Дупени. Во селото работи основното училиште, но овде учениците можат да завршат само до четврто одделение. Интересна е да се види и главната селска Црква „Св. Архангел Михаил“. По овој светец во Долно Дупени се чествува селската слава која е вистински празник за жителите и нивните посетители.
da1
Иако селото бори околу 235 жители, туризмот во селото е во постојан раст, велат жителите. За тоа многу помогна и модерно уредената плажа „Дупени Бич“. Направена од ситен песок, плажата се наоѓа на само неколку стотини метри од селото и е вистинска атракција за туристите. Плажата за многумина е вистинска причина поради која луѓето се одлучуваат да го посетат селото. Жителите ја нарекуваат и „плажа на вљубените“ е опремена со сламени чадори, дрвени маси и столчиња и терен за одбојка, а од кафулето може да се гледа прекрасното зајдисонце. Иако водите езерото се полни со алги, тоа не ги спречува туристите да се разладат во Преспанското езеро.
39
„Местово е навистина прекрасно, многу е мирно, а луѓето се многу гостопримливи и услужни, а и на децата многу им се допаѓа овде. Ова е прв пат да го посетиме ова село, но се надеваме дека нема да биде и последен“, вели еден посетител кој во Долно Дупени допатувал од Србија.
003
Интересно за многумина е името на ова село. Долно Дупени се наоѓа во вдлабнатина меѓу подножјето на Планината Баба и Преспанската Котлина, а своето име го добило по етнонимот во множина „дупјани“, луѓе кои доаѓаат од дупа, со значење вдлабнато место. Превземено од Radiomof.mk

ФОТО: Како изгледале порно ѕвездите пред да избегаат од дома

Ништо од нивните фотографии од детсвото не покажува дека еден ден ќе станат порно актерки....

Jesse Jane

Beladonna

Taylor Rain

Lexi Belle

Tyla Wynn

Ron Jeremy

Jenna Jameson

Traci Lords (Nora Kuzma)

Asia Carerra

Taylor Vixen

Jessica Jaymes

Juelz Ventura

Diamond Foxxx

Фото: Како изгледа светската шампионка во бодибилдинг

Наталија Кузнетсова е светската шампионка во бодибилдинг , таа вели дека не ѝ пречи што нејзиниот сопруг има помал бицепс од неа, затоа што „взаемната љубов и поддршка“ се единствените работи што се важни во среќната врска.

28-годишната Русинка која потекнува од градот Чита во југо-источниот руски регион започнала да оди во теретана на 14-годишна возраст.

Нејзиниот татко мислел дека вежбањето ќе ја подобри самодовербата на неговата ќерка бидејќи таа била „срамежливомало глувче“. На само 15 години станала шампион на регионот. Нејзиниот 42-годишен сопруг Јусиф Ејвазов има помали мускули од неа. Таа се запознала со него пред околу една деценија.

Додека бија тинејџерка таа тежела само 40 килограми, додека сега тежи 90 килограми. Таа вели дека „никогаш не сонувала за кариера во спортот“, додавајќи дека нејзиниот прв тренер на училиште ѝ помогнал да тргне на патот на бодибилдинг.

ГАЛЕРИЈА: Најубавите навивачки на светското првенство

Навивачките на Русија покажаа дека им се вистинска инспирација на нивните репрезентативци . Можеби и поради нивната жешка поддршка од трибините во првиот натпревар со Саудиска Арабија постигнаа убедливи 5:0 .

На стадионот Лужники во Москва во четвртокот  , на самото отворање на Светското фудбалско првенство беше забележително присуството на голем број навивачки на Русија , кои беа облечени во најразлични костими и нисеа секакви реквизити . Од носии и круни , па се до жешки панталончиња и и куси маички.

Популарно