Го убила сопругот со нож во срцето, но судот ја ослободи - ова е причината

Врховниот суд во Загреб ја укина пресудата на 23 годишната Кармен Ѓорѓевиќ која се товари за убиство на својот 35 годишен сопруг Саша Ѓорѓевиќ.

Кармен во вторникот доцна поладне излезе од затворот во Дубровник каде што поминала десет месеци, а одлуката за пуштање на слобода ја донесе врховниот суд во Загреб кој ја укина нејзината казна од 10 години затвор.

-Ваквата одлука секако дека беше позитивен шок за сите, а највеќе на Кармен при што и падна камен од срце, но секако и дека се уште постои жалење и тага кај неа заради се што се случи, изјави адвокатот на Кармен.

Кармен го уби својот сопруг во нивниот стан еден час по полноќ откако таа се вратила од ноќна забава со другарките, а при кратка расправија и насилство од страна на својот сопруг таа од кујната земала нож при што го прободела директно во срцето и му направила рана длабока 10 сантиметри.

Судот ја ослободи мајката на едногодишниот нивни заеднички син, откако заклучил дека таа тоа го направила во самоодбрана и без никаква претходна намера.

Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште

Населба, болница и училиште, рано утрово беа превентивно евакуирани поради шумскиот пожар што утрово избувна во близина на поморската база Суда на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Во пожарот интервенираат 79 пожарникари со пет пешадиски тима, 22 возила и еден хеликоптер, помагаат припадници на воената морнарица, волонтери и цистерни од општините, а ситуацијата е подобрена и според локалните медиуми не постои активно жариште.

Утрово, преку порака од европскиот број за итни случаи 112 до жителите на областа околу воената база беше побарано превентивно да се евакуираат.

Според локалните медиуми, пациентите од болницата што е во близина биле префрлени во болницата во Ханиа.

Видео: Во Хрватска падна снег

На подрачјето на Горски котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.

Снег ја зафати и Горанската делница на автопатот А6 Риека-Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.

Меѓународна полициска акција во БиХ

Во Босна и Херцеговина во тек е меѓународната полициска акција при што се уапсени повеќе лица, меѓу кои и високи полициски службеници, поврзани со наркокартелот „Тито и Дино“.

Во соопштението од Обвинителството на БиХ се наведува дека апсења и претреси се вршат на десетици локации, на подрачјето на Сараево, Зеница и Мостар, а цел на акцијата се неколку осомничени физички и правни лица.

Меѓународна поддршка за акцијата обезбедија американските ФБИ, ДЕА и Европол.

Осомничени се повеќе од 15 лица кои се поврзани со организиран криминал, нелегална трговија со наркотици, перење пари и други слични кривични дела.

Популарно