Грчкиот претседател ги навреди Македонците - Користењето на името Македонија е фалсификување на грчката историја

Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос во говор пред грчката Академија за одбрана, повторно ги навреди Македонците.

Говорејќи за грчката надворешна политика потенцираше дека македонскиот став да се користи само името Македонија, претставува провокација и фалсификување на историјата.

Шефот на грчката држава е познат по острата реторика против употребата на уставното име на земјава. Пред околу два месеци, во рок од десетина дена Павлопулос испрати три остри провокативни пораки на сметка на Македонија. Порача дека ќе го брани грчкиот идентитет на Македонија и дека никој нема право да бара работи што не му припаѓаат. Дел од реториката беше и дека „Македонија била, е, и ќе остане грчка“, и „со иредентистички барања нема да се приклучи кон Европската унија, затоа што тие ги кршеле европските закони“.

-Јасно е дека сè додека инсистира да го користи името, што освен што е навредливо фалсификување на историјата, и шири иредентизам, нема да има европска перспектива. Европското право ги исклучува кандидатите-држави кои на било каков начин го оспоруваат статусот кво на границите на државите членки на ЕУ – изјави Павлопулос.

На оваа негова изјава реагираше ВМРО - ДПМНЕ која изјави дека ваквото однесување на грчкиот претседател не е ништо ново, и дека ваквиот став придонесува само за зголемување на конфликтноста помеѓу двете земји,и наместо да се реши спорот само ќе се усложнат односите.

„Изјавите кои наликуваат на оние од раните деведесети години од минатиот век нема да не однесат кон решение на проблемот, туку ќе не вратат токму таму, во 1991 година. Ваквите изјави ги анулираат напорите на Република Македонија за спроведување мерки на доверба меѓу двете земји. Тие се без никаква смисла во услови кога најмалку еднаш месечно грчкиот претседател јавно ни кажува дека ако не се откажеме од името Македонија, никогаш нема да станеме членка на ЕУ и НАТО. Со оглед дека никој ниту во Грција ниту во ЕУ и НАТО не реагира на овие изјави, граѓаните на Македонија ги примаат изјавите како заеднички“ - се посочува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште

Населба, болница и училиште, рано утрово беа превентивно евакуирани поради шумскиот пожар што утрово избувна во близина на поморската база Суда на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Во пожарот интервенираат 79 пожарникари со пет пешадиски тима, 22 возила и еден хеликоптер, помагаат припадници на воената морнарица, волонтери и цистерни од општините, а ситуацијата е подобрена и според локалните медиуми не постои активно жариште.

Утрово, преку порака од европскиот број за итни случаи 112 до жителите на областа околу воената база беше побарано превентивно да се евакуираат.

Според локалните медиуми, пациентите од болницата што е во близина биле префрлени во болницата во Ханиа.

Видео: Во Хрватска падна снег

На подрачјето на Горски котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.

Снег ја зафати и Горанската делница на автопатот А6 Риека-Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.

Меѓународна полициска акција во БиХ

Во Босна и Херцеговина во тек е меѓународната полициска акција при што се уапсени повеќе лица, меѓу кои и високи полициски службеници, поврзани со наркокартелот „Тито и Дино“.

Во соопштението од Обвинителството на БиХ се наведува дека апсења и претреси се вршат на десетици локации, на подрачјето на Сараево, Зеница и Мостар, а цел на акцијата се неколку осомничени физички и правни лица.

Меѓународна поддршка за акцијата обезбедија американските ФБИ, ДЕА и Европол.

Осомничени се повеќе од 15 лица кои се поврзани со организиран криминал, нелегална трговија со наркотици, перење пари и други слични кривични дела.

Популарно