Групна тепачка на кошаркарски меч во Црна Гора

Кошаркарскиот натпревар во Црна Гора, меѓу Ловќен и Ибар беше одбележан од невдина општа тепачка меѓу кошаркарите на двете екипи.

Untitled

Кошаркарите на Ловќен славеа на дуелот со два поени разлика (78-76), а екипата на Цетиње постојано се жалеше на судењето затоа што во еден момент губеше и со 23 поени разлика. По крајот на дуелот кошаркарите и стручниот штаб на Ибар, пак, се жалеа на судењето во финишот по што настана тепачка со повреда и на еден од кошаркарите. Во инцидентот се вклучи и публиката…

Роналдо анално ја силувал девојката и платил за да молчи!

По информациите кои неодамна излегоа во јавноста дека Кристијано Роналдо силувал девојка, па и платил 375.000 долари за да молчи, уште детали околу овој случај почнуваат да се шират по светските медиуми. Сето ова доаѓа од „Фудбал ликс", проект кој е во рамки на европската истражувачка мрежа, во кој голем број на доверливи документи на фудбалските ѕвезди излегоа во јавност.

Девојката која наводно ја силувал Роналдо, потпишала договор со кој за 375 000 долари се откажала од тужба и се заколнала дека ќе молчи за настанот.

Тие се запознале на забава во Лас Вегас, по што Роналдо ја одвел во неговата хотелска соба. Сепак, и покрај потпишаниот договор, девојката неколку години подоцна се одлучила да го тужи фудбалерот.

Сакам светот да дознае за тоа што ми се случи и за тоа како човек е тој. Ме нападна од позади, а јас врескав и го молев да престане. Во животот никогаш не сум била толку уплашена, изјавила таа.

И покрај тоа што ја започнала судската постапка, девојката вели дека правадата тешко ќе ја дочека и дека се кае што ја прифатила спогодбата бидејќи повеќе не е истата личност.

Веднаш по аналното силување, жената ја озвестила полицијата и заминала на преглед во Универзитетскиот медицински центар во Лас Вегас. По пергледот било утврдено дека има оток и гребаница во аналниот предел, што го потврдуваат и медицинските документи до кои дошол Шпигел.

Сепак, жената и поктрај тоа што има докази одлучила тогаш да не го тужи Роналдо туку да се спогоди.

Адвокатскиот тим на Роналдо тврди дека Спигел манипулира со „непотпишани документи".

Македонија пресилна за домаќинот закажа 1/4 со Франција

Македонската ракометна репрезентација до 21 година го победи домаќинот Алжир и се пласираше во 1/4 финалето на светското првенство.

Конечни 24-20 за пласман меѓу најдобрите 8 репрезентации до 21 година во светот и огромен успех на оваа генрација македонски ракометари.

Уште на стартот се воочи дека Македонија има поквалитетен состав, но на полувреме носени од публиката Тунижаните отидоа со еден гол предност, 10-11. Спеак, уште на почетокот на вторите 30 минути, македонските ракометари го превземаа водството ја дктираа играта. Највисоката ралиска изнесуваше 5 голови, за на крајот да завршиме во позитива од 4. 

Најголеми заслуги за победата имаат Талевски и голманот Томовски кои блеснаа во вториот дел, иако и другите одиграа на високо ниво.

1/4 финалните мечеви се закажани за утре, а Македонија игра против Франција во 19 часот.

Можни противници на Вардар доколку го минеме Копенхаген

Ако Вардар ја мине третата фаза, нема да го преземе коефициентот на Копенхаген и во ждрепката за последното коло ќе биде екипа со најмал коефициент што значи влегува меѓу неносителите.

Во рутата на Вардар петте екипи со најголеми коефициенти се Олимпијакос, Селтик, Салцбург, Лудогорец и БАТЕ Борисов и доколку овие екипи го минат третото коло, тогаш една од нив ќе биде противник на Вардар во плејофот.Да резимираме: Во плејофот за ЛШ ќе играат вкупно 20 екипи, 10 во League Route и 10 во Champions Route. И во двете рути ќе има по два шешира со по 5 екипи поделени во носители и неносители.

Петте можни противници на Вардар би ги дознале на 2 август по завршувањето на сите средби.

Зад сето ова се разбира дека постои едно „ако“, кое сигурно не е новозможно за Вардар кој денеска се наоѓа на насловната страница на УЕФА, каде пишува дека Вардар повторно изненади.

Ждрепката за плејофот во Лига на шампиони ќе се одржи на 4 август во Нион со почеток од 12 часот.

Популарно