ХОРОСКОП: 10 карактеристични реченици за секој знак

Ова се омилените реченици на секој хороскопски знак:

20120901-horoskop1

Овен

1 . He ви советувам дa не се согласувате со мене!

2 . Прво дејствувам , а потоа може и да размислам!

3 . Зошто да запрам само затоа и другите запираат?

4 . На мене нема да ми се случи ова !

5 . Не можете да направите ништо онолку добро колку што го правам јас !

6 . Најпријатно ми е да се слушам себеси додека зборувам !

7 . Инаетот е позитивна особина!

8 . Сакам да давам совети на другите!

9 . Овенот е добар , кога наоколу нема други овни !

10 . Не помислувај да ме нападнеш , бидејќи ќе се повредиш !

Бик

1 . Никогаш не жалам за потрошените пари!

2 . Не сакам ништо од тебе , но не давам и ништо мое !

3 . Ќе направам сѐ за да нема скандал!

4 . Додека одмарам-не ме закачај! !

5 . Го претпочитам удобниот тросед наспроти убав поглед.

6 . Јадењето е совршенство!

7 . Јас сум дете на судбината !

8 . Ако некој друг наместо мене може да заврши некоја работа, нека го направи тоа!

9 . Сакам најубави предмети !

10 . Сонувам да работам како дегустатор !

Близнаци

1 . Денес сум подобар од вчера

2 . Информацијата е клучот за победата !

3 . За совети се слушам само себе!

4 . Можам да бидам на неколку места истовремено, треба само да посакам !

5 . Ја реализирам секоја своја идеја!

6 . Треба да имам телефон и телевизор во секоја соба !

7 . Кој доцни, лошо му се пишува!

8 . Никогаш нема да се предадам во борбата со животот !

9 . Сакам да купувам, но некој друг треба да ми каже што да се купи !

10 . Треба да имам многу од сè!

Рак

1 . Мојот дом е мојот замок !

2 . Посветен сум на семејството !

3 . Трпението е највисока доблест !

4 . Победата е на оној кој бил трпелив!

5 . Сакам во мојот дом да има гости!

6 . Најважно во животот е маса со многу грицки и благо на неа!

7 . Немам толку многу пари за да купувам евтини работи !

8 . Треба да имам сопствена соба , во која можам да останам сам!

9 . Не заборавам ништо !

10 . Не купувам ништо ново , ако старото е уште цврсто !

Лав

1 . Дојдете со мене , јас ќе ве водам !

2 . Треба јас да сум потпора на другите , а не тие на мене !

3 . Добриот збор железни врати отвора!

4 . Светот се врти околу мене !

5 . Подобро спокојна работа отколку висока плата!

6 . Трошам толку колку што заработувам – сè!

7 . Толку сум софистициран што си купив пијано , иако никој не може да свири на него !

8 . Јас се смеам , но тоа ми дава можност да те манипулирам !

9 . Не работам на незначителни проекти!

10 . Ако имате потреба од топлина и мудрост , приближете се до мене !

Девица

1 . Ќе ве престигнам сите со работа и упорност !

2 . Скромноста е еден од моите добри страни!

3 . Служам на другите , но живеам за себе!

4 . Околу мене сè треба да биде во полн ред !

5 . Срцето е секогаш подредено на мојот мозок !

6 . Ако има дамка на ѕидот , ќе направам ремонт !

7 . Сакам се да е под мој надзор!

8 . За моето семејство, ќе одам и пеш по светот!

9 . Жената треба да е вистинска дама !

10 . Сам/а ги одбирам пријателите и не простувам навреди !

Вага

1 . Не можам да живеам без партнер!

2 . Никогаш не се расправам , бидејќи тоа ме прави нервозен/а !

3 . Се согласувам со тебе , само за да не спориме, а не затоа што навистина се согласувам!

4 . Може да прекршам секој принцип , ако сум убеден/а во тоа !

5 . Може да убедам секој во сè !

6 . Убавината ќе го спаси светот!

7 . Секогаш сум во добро расположение !

8 . Континуирано двоумење !

9 . Човек не може да е само лош или само добар !

10 . До крајот на натпреварот не можам да одлучамза кој тим сум !

Шкорпија

1 . Ако те обожавам- за тебе сѐ правам со задоволство!

2 . Под секој камен може да е скриена змија и јас се чувам !

3 . Дајте ми сериозна причина , за да се насмеам !

4 . Сакам да сакам!

5 . Можам да убијам со префинет гест!

6 . Ако ми веруваш , може и да не те гризнам !

7 . Не сакам да покажувам чувства !

8 . Би помогнал на секој ако после ми е благодарен !

9 . Сакам да сум во центарот на вселената!

10 . Јас сум кактус – цветам само за одредени луѓе !

Стрелец

1 . Сите луѓе се добри !

2 . Никогаш не заборавам некого, кој ми помогнал !

3 . Сакам да патувам !

4 . Не се позајмувам !

5 . Никој нема право да ми се лути !

6 . Сакајте ме , бидејќи заслужувам !

7 . Не жалам за ништо што сум направил !

8 . Со работа се гордеат само оние луѓе кои немаат со што друго да се пофалат !

9 . Не се грижам без потреба!

10 . Секој треба да ги исполнува своите обврски !

Јарец

1 . Може да се издржи секое оптоварување !

2 . И сам воинот е воин .

3 . Не учествувам во нелегални зделки , бидејќи ќе ме фатат!

4 . Сакам да имам скапоцености , кои сум купил сам!

5 . Животот е воз , кој застанува на различни станици !

6 . Сакам да сонувам и да фантазирам !

7 . Човек треба да се бори за своето место!

8 . Сонувам да достигна врвот , само за да погледна ништожници , кои се искачи одоздола !

9 . Никогаш не стареам !

10 . Имам трпение , ќе почекам !

Водолија

1 . Секогаш сум различен !

2 . Ако сакаш да бидеш со мене , стани таков каков што сакам јас да бидеш!

3 . Не почитувам предрасуди !

4 . Сигурен сум дека иднината е прекрасна!

5 . Тешко е да сум совршен, но ми се наметнува !

6 . Добрато намера е поважна од спроведувањето !

7 . За да си пронаоѓач, треба да отфрлиш се што е старо !

8 . Во животот има многу поважни работи од сексот !

9 . На прво место се моите пријатели , а за своето семејство ќе се грижам, ако ми остане време !

10 . Нема подобар од мене !

Риби

1 . Срцето раководи со телото и умот !

2 . Алкохолот ми помага !

3 . Никој не може да ми каже што да правам !

4 . Не одложувај за утре она што може да се заврши задутре !

5 . Ветив , но кога ќе го направам тоа – не знам !

6 . Работам полека , бидејќи така ми се допаѓа !

7 . Можам да направам анализа на секој човек , но не можам да дознаам за себе си !

8 . Човек треба да е флексибилен , за да се наведнуваа и да не се скрши!

9 . Не е важно што правам , најважно е дека изгледам зафатен !

10 . Ако ме бутнеш, ќе се лизнам !

Ова се двата најинтелигентни хороскопски знаци

Без разлика дали сте авторитетен Овен или грижлив Рак, секој хороскопски знак има свои најпривлечни квалитети. Овие астролошки читања можат да предвидат сè, од вашата романтична компатибилност до вашето здравје.

Но, кога станува збор за интелигенција, кој знак го презеде тронот?

Имено, Водолијата и Скорпијата се најпаметните хороскопски знаци, велат астролозите, но поради две сосема различни причини.

Луѓето родени во знакот Водолија имаат највисоко ниво на аналитичка интелигенција, која се мери со когнитивните способности и коефициентот на интелигенција.

Скорпиите, од друга страна, имаат попребирлив ум; тие се најдобри во реалното оценување и разбирање на светот како целина.

Тоа не значи дека другите знаци не се интелигентни на свој начин. Всушност, Близнаците и Вагата имаат и многу когнитивни способности, додека Ракот и Рибите се емотивно најинтелигентни; со други зборови, тие се одлични во препознавање и судење на сопствените и туѓите чувства.

Од друга страна, земјените знаци Бик, Девица и Јарец покажуваат практична интелигенција, а огнените знаци Овен, Лав и Стрелец имаат тенденција да бидат најинтуитивни, што ги прави повеќе склони кон ризик.

Ова се три хороскопски знаци кои се вистински нарциси

Хороскопот открива многу за нашиот карактер.

Тој ги открива нашите добри и лоши страни. Сите се сакаме себеси и понекогаш сакаме да бидеме во центарот на вниманието, но постојат три знаци кои се вистински нарциси.

Овен

Овните се познати по својата импулсивност, упорност и желба за внимание. Тие се способни да направат драма од ништо и не само што не им е важно како ќе изгледа тоа во вашите очи, туку и се полни со себе кога тоа ќе се случи. Сакаат да бидат доживеани како храбри и единствени и веруваат дека се многу подобри од останатите. Никој не знае ништо подобро од нив.

Лав

Родените во овој знак се познати по својата драматична природа и потреба за внимание. Тие живеат за моментите кога се во центар на вниманието и тогаш се чувствуваат како ѕвезди. Нивната самоувереност често се изразува како нарцисоидност бидејќи тие сакаат да зборуваат за својот успех, но и тоа колку се сакани и ценети.

Стрелец

Стрелците се познати по својата независност и спонтаност. Ја сакаат слободата и сметаат дека не мораат за ништо да им се објаснуваат на другите. Но, нивната постојана желба за авантура може да направи да сметаат дека само нивните искуства се важни и дека со самото тоа тие се подобри од другите кои не живеат на ист начин. 

Дневен Хороскоп

ОВЕН

Можеби се запрашувате какви обврски ве очекуваат на работно поле. Не ви е лесно да дојдете до извесност кога станува збор за работата. Ќе успеете да ја освоите личноста која ви се допаѓа. Можни се проблеми поврзани со кашлица.

БИК

Заземете еден одреден став и борете се за него до крај. Не ја расфрлајте својата енергија на споредни цели. Ако сакате промени многу е важно да му покажете на партнерот во која насока размислувате. Чувствителен предел на градниот кош.

БЛИЗНАЦИ

Можете да очекувате стабилна ситуација на работно поле. Имате можност да дојде до добра соработка. Доколку сте слободни, може да се надевате на ново познанство. Денот е поволен и за зафатените. Водете сметка за исхраната.

РАК

Доколку се пред вас нови случувања подгответе многу енергија за промени. Нема да биде лесно. Ве очекува можност да влезете во љубовна врска со личност кон која имате одредени симпатии. Можни се проблеми со притисокот.

ЛАВ

Финансиската ситуација може да биде позитивна ако се потрудите да донесете правилни одлуки. Сакате да му ги покажете на вашиот партнер своите искрени емоции. Време е вашата врска да напредува. Поволен период за почеток на диета.

ДЕВИЦА

Можно е потпишување на договор. Разгледајте ги сите ставки пред да се одлучите на таков чекор. Сакате да направите промени на ова поле и многу ви е важно саканата личност да размислува во тој правец. Избегнувајте цигари.

ВАГА

Слушајте ја својата интуиција и потрудете се да се посветите на работата максимално. Време е да се насочите кон нови работни задачи. Ова не е поволен ден, ве очекува разочарување поврзано со нова личност во вашиот живот. Можни се проблеми со нервниот систем.

ШКОРПИЈА

Обидете се да одржите стабилна состојба на работно поле. Дајте си време да научите нови тајни на својот занат. Имате впечаток дека партнерот е ладен кон вас. Можно е да дојде до прекинување на врската. Склони сте кон депресија.

СТРЕЛЕЦ

Не е поволен ден за вас на работно поле. Може да очекувате некои компликации. Ви се отвора можност да ја освоите личноста кон која имате емоции уште од минатото. Внимавајте на црниот дроб и панкреасот.

ЈАРЕЦ

Можно е да се трудите да дојде до промени, но сѐ уште не можете да успеете во тоа. Покажете малку трпение. Се појавуваат нови проблеми помеѓу вас и саканата личност и не ви е лесно да се носите со нив. Потребна ви е масажа.

ВОДОЛИЈА

Размислувате за започнување нов бизнис но како сѐ уште да не сте подготвени за тој чекор. Доаѓате до контакт со личност која ќе посака сериозна врска. Дали сте подготвени да и го овозможите тоа? Здравствената состојба е сѐ подобра.

РИБИ

Ви се нуди можност за напредување и секако треба да ја искористите шансата. Ви изгледа дека партнерот не се поставил фер кон вас и тоа не ви се допаѓа. Можни се проблеми со забите.

Популарно