Како да ја победите настинката за само 3 часа?

Во нашата земја се верува дека лукот и ракијата лекуваат се. И најверојтано тоа е точно, барем, кога станува збор за лукот.

Ова го потврдија и светските научници. Истражувањето чии резултати се објавени во магазинот „Journal of Nutrition“ покажа дека консумирањето на оброци со пет грама сиров и сецкан лук, односно две чешниња лук, драстично брзо, дури за само три часа, ги активира гените кои се вклучени во производството на бели крвни зрнца, кои го зајакнуваат имунолошкиот систем на човекот.

Научниците не можат со сигурност да потврдат дека лукот кој ги активира овие гени така брзо ќе ве ослободи од настинката, но претходните истражувања ја потврдуваат таа претпоставка. Испитаниците кои јаделе лук, поретко се разболувале, а симптомите на настинка побрзо им поминувале отколку на оние кои не јаделе лук.

Тоа е така, велат, поради селенот, некои ензими и витаминот Ц во белиот лук.

Па така, ако ве зафатила настинка, пробајте, не може да ви наштети. Грицкајте свеж лук, или ставете го во некоја салата, испијте чаша јогурт со него и сл.

Пола свет болен од “Селфитис”!

Британските истражувачи го утврдија постоењето на болеста наречена “селфитис”, која всушност претставува опсесивно фотографирање на селфија.

Овој збор првпат се појавил во 2014 година во рамки на лажна вест во која селфитисот бил сместен на листата на ментални пореметувања од страна на Американското психијатриско здружение.

Научниците продолжиле да го истражуваат овој феномен, по што била проучена појавата “номофобија” – страв да се биде без телефон при рака.

“Пред неколку години во медумите се појави приказна за тоа дека состојбата на селфитис е класифицирана како ментално пореметување. Иако потоа се откри дека станува збор за лажна вест, тоа не значи дека оваа состојба не постои”, изјавил д-р Марк Грифитис од универзитетот Трент во Нотингем.

Истражувањето било спроведено врз 400 учесници од Индија, со оглед на тоа што оваа земја има најмногу корисници на “Facebook”.

Учесниците се изјасниле во која мера се сложуваат или не се сложуваат со низа констатации околу селфијата.

Меѓу изјавиле биле речениците “Споделувањето на селфија создава здрав натпревар со пријателите и колегите” и “Чувствувам дека сум попопуларен/попопуларна кога објавувам свое селфи на социјалните мрежи”.

“Типично е оние кои ја имаат оваа состојба да страдаат од недостаток на самодоверба и да пробуваат да се вклопат во својата околина. Тие може да покажуваат симптоми кои се слични со другите потенцијално зависнички однесувања”, изјавил д-р Џанартанан Балакришнан, учесник во истражувањето.

Тој истакнал дека постоењето на селфитис е потврдено и дека се потребни повеќе истражувања со цел да се утврди како и зошто луѓето ја развиваат оваа состојба и на кој начин може да им се помогне на истите.

Како секоја жена може на време да открие дали боледува од рак на матката?

Иако, при развој на рак на грлото на матката нема јасни симптоми, телото испраќа сигнали дека во него се развива опасен тумор. Меѓутоа, овие симптоми жените за жал често ги занемаруваат и ги сметаат за неважна работа, па токму таквиот став може да ги чини и живот.

Симптомите кои воглавно укажуваат на рак на грлото на матката се вагинално крварење, иако е завршен менструалниот циклус, болки во стомакот, неможност да се истрпи мокрење и крв во урината.

Исто така, на оваа болест укажуваат и болките во коските, болките во долниот дел на грбот, отекување на нозете, губење на апетитот, нагло слабеење, чувство на поспаност, нервоза и промени во текот на мокрењето, како и промена на столицата. Најбитен вид на превенција од рак на грлоо на матката е редовен гинеколошки преглед, а поголемот дел на случаеви ако се откријат на почетниот стадиум, се излечени.

Кога ќе ги видите нејзините фотографии нема да ви падне на памет да одите во солариум

Веројатно веќе сте слушнале дека редовното посетување на солариум е штетно за здравјето и дека може да биде причина за многу сериозни болести, но некако секогаш кога станува збор за такви работи, помислуваме дека нема да ни се случи на нас. Тоа го мислела и Тони Вилоги. Како медицинска сестра ги знаела сите опасности на солариумот, но "отрезнувањето" дошло со дијагнозата.

А дијагнозата не била воопшто лесна. Рак на кожа! И тоа како последица од одење на солариум, што Тони го практикувала од својата 15-та година. По агресивните терапии, дошле првите добри вести - ракот повеќе го немало, но денес таа живее во страв дека би можел да се врати. Затоа одлучила да ги предупреди сите оние кои одат редовно на солариум. 

"Вака изгледа лицето на личност која се лечи од рак на кожа. Ако на некого му е потребна мотивација да не оди на солариум", напишала таа покрај фотографијата на која се гледаат отворените рани на лицето.

Нејзините фотографии брзо биле пренесени од бројни медими ширум светот.

Одлуката да го објави селфито очигледно имало ефект, бидејќи како што пишува британски Mirror, пребарувачот "Google" во последните денови бележи рекордна претрага на поимот "рак на кожа", но и "солариум", "сончање" и "превенција на рак на кожа".

Сепак, интернетот можеби не е најдобро место за информирање за такви сериози проблеми, бидејќи често може да се наиде на неточни и непроверени информации.

Популарно