Вториот дел на Ол-стар викендот во Торонто донесе неколку интересни натпреварувања од кои со посебно внимание како и секогаш се испрати пресметката во забивање.
Круната ја бранеше Зек Лавин од Минесота, а предизвикувачи беа Вил Бартон од Денвер, Андре Драмонд од Детроит и Арон Гордон од Орландо. Првата полуфинална рунда заслужена ја минаа Лавин и центарот на Меџик.
Финалето пак беше епско, имаше фантастични спектакуларни атракции, судиите беа неодлучни, па мораше да се одржат и дополнителни рунди за да се добие победникот. На крајот по доста борба титулата остана во рацете на „волкот“ Лавин.
- Извадиме се од нашиот џеб, нема веќе ништо. Кога ќе погледнам во џебот гледам само прашина. Мислам ова е најдобриот натпревар во забивање.
Имаше некои работи кои досега не биле изведени. Не сакам да се споредам со Џордан и останатите великани, но ако погледнете убаво ќе видите оти ние направивме некои работи за кои на професионалните забивачи им се потребни четири-пет обиди,а тоа ние го направивме од прва, - истакна Лавин.
Во продолжение ужувајте во сите забивања од „Ер-канада Центарот“.