КАКО ФОРМУЛА 1: Македонец возел со над 200 км/ч во Хрватска!!!

Хрватската сообраќајна полиција вчера запрела Македонец и Словенец, кои на автопатот А3 (Брегана-Загреб-Липовац), возеле со брзина од над 200 километри на час.

коала

Полицијата утрово соопшти дека вчера околу 13 часот сопрела 33-годишен Словенец, кој со автомобил марка Бе-Ем-Ве по автопатот возел со брзина од 202 километри на час.

Само еден час подоцна запрено е возило од типот „Ауди А7“ кое со брзина од 209 километри на час било управувано од страна на 46-годишен Македонец.

Двајцата, поради сообраќајни прекршоци, односно надминување на дозволената брзина, заработиле парична казна во висина од 389 евра и мерка забрана на користење на меѓународните возачка дозвола на подрачјето на Хрватска во траење од еден месец.

Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште

Населба, болница и училиште, рано утрово беа превентивно евакуирани поради шумскиот пожар што утрово избувна во близина на поморската база Суда на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Во пожарот интервенираат 79 пожарникари со пет пешадиски тима, 22 возила и еден хеликоптер, помагаат припадници на воената морнарица, волонтери и цистерни од општините, а ситуацијата е подобрена и според локалните медиуми не постои активно жариште.

Утрово, преку порака од европскиот број за итни случаи 112 до жителите на областа околу воената база беше побарано превентивно да се евакуираат.

Според локалните медиуми, пациентите од болницата што е во близина биле префрлени во болницата во Ханиа.

Видео: Во Хрватска падна снег

На подрачјето на Горски котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.

Снег ја зафати и Горанската делница на автопатот А6 Риека-Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.

Меѓународна полициска акција во БиХ

Во Босна и Херцеговина во тек е меѓународната полициска акција при што се уапсени повеќе лица, меѓу кои и високи полициски службеници, поврзани со наркокартелот „Тито и Дино“.

Во соопштението од Обвинителството на БиХ се наведува дека апсења и претреси се вршат на десетици локации, на подрачјето на Сараево, Зеница и Мостар, а цел на акцијата се неколку осомничени физички и правни лица.

Меѓународна поддршка за акцијата обезбедија американските ФБИ, ДЕА и Европол.

Осомничени се повеќе од 15 лица кои се поврзани со организиран криминал, нелегална трговија со наркотици, перење пари и други слични кривични дела.

Популарно