Скопјани од 12 декември ќе можат да одат во шопинг во Capitol Mall & Residence!

Новиот трговски и резиденцијален комплекс Capitol Mall & Residence, најави официјално отворање на 12 декември, 2013 година.

kapitol

Лоциран во срцето на Скопје, во населбата Аеродром, Capitol Mall & Residence се простира на вкупна изградена површина од 33.500 м2. Од нив, 12.500 м2 се наменети на шопинг центарот сместен на првите четири нивоа, а 6.000 м2 се одвоени за резиденцијалниот дел на горните четири катови. Паркинг просторот е на три нивоа под земја, со вкупна површина од 15.000 м2.

- Шопинг центарот Capitol Mall е составен од 62 локали, со идеален бленд на различни интернационални, регионални и локални брендови. Мисијата на инвеститорот беше да се организираат различни содржини за различни афинитети, кои несомнено ќе му дадат дополнителна вредност не само на шопинг центарот, туку, воопшто, на Аеродром и на Скопје. Доколку се тематизира просторот, тоа би значело дека тој е поделен во неколку сегменти како што се мега супермаркет и шопинг ареал, следува делот за забава и рекреација, потоа кафулиња, ресторан и неколку фаст-фуд локали и, секако, она на што сме особено горди, детскиот центар на околу 1.200 м2, еден од најголемите и најразновидните по содржина во регионот, – велат одговорните во Капитол Мол.

537323_10152042531985628_544337762_n-564x242

На приземјето, Шопинг центарот нуди голем Рамстор супермаркет – конципиран по најсовремените светски трендови во оваа област, потоа два кафе-бара со уредени тераси, менувачница и брз трансфер на пари, аптека, оптика, цвеќарница, продавница за органска храна, продавница за модни додатоци, телекомуникациски услуги, инфо центар, но и неколку продавници со реномирани интернационални модни брендови кои за прв пат доаѓаат на македонскиот пазар. Првиот кат има дополнителна разновидна понуда на познати модни марки. Вториот кат е наменет за облека и за играчки за деца, потоа мега продавница за спортска опрема, како и за новата понуда во интегрираното шопинг искуство – современиот финтес центар. Третиот кат е повторно резервиран за најмладите – за детскиот центар. Но, исто така, ова е и катот на хедонизмот – гастрономско патување со интернационалните и локалните вкусови, зачинет со прекрасен поглед на Скопје.

Capitol Mall располага со свој бесплатен паркинг на три нивоа, со 450 паркинг места, како и со бесплатен Wi-Fi / интернет пристап низ целиот комплекс.

1385424_10152042531395628_2100156989_n-564x317

Резиденцијалниот дел или Capitol Residence, е организаран така што секој кат содржи 20 одделни станбени единици, освен на седмиот кат, каде што има 12 станови, или вкупно 72 единици за домување, со бруто квадратури од 71 м2 до 128 м2. Во резиденцијалниот дел, влезот е засебно организиран од двете страни на комплексот (источен и западен влез), со одделни лифтови. Во планирањето, дизајнирањето и употребата на градежните материјали, е фокусирано огромно внимание на секој детал, што овој модел го прави уникатен и по форма и по содржина. Двата блока се импресивни со својата елеганција и со стилот. Ако на ова се додаде и ексклузивно дизајнираното лоби, како и 24/7 видео надзор и обезбедување, несомнено е дека Capitol Residence нуди комплетно нова димензија во домувањето во главниот град.

- Од проектот, преку супериорната архитектоника, до изведбата и употребата на материјалите за градба, нема дилеми дека комплексот Capitol Mall & Residence ќе биде една од современите лендмарк точки на Скопје. Идејата беше да понудиме поразличен, поинаков концепт, топла атмосфера и пријателски амбиент, едноставно – простор на добри вибрации. Дополнително, овој простор ќе го оплеменуваме и со доза култура и уметност, за да го комплетираме чувството на ненаметливо и пријатно поминато урбано време, – нагласуваат во Capitol Mall.

Инвестицијата за Capitol Mall & Residence е вредна 30 милиони евра. Тоа е домашна, македонска инвестиција, поддржана од домашните банки. На изградбата на објектот беа вработени преку 250 работници, од преку 50 компании (изведувачи и подизведувачи), повечето од земјава и неколку од странство. Со отворањето на Capitol Mall & Residence, воедно, се отвораат и преку 500 нови работни места од повеќе индустрии.

Извор - Фактор

Имаат ли перспектива младите во државава?

Драги пријатели, со голема радост го споделуваме првиот подкаст на Македонско-американската алумни асоцијација од серијалот ‘The Voice of MAAA’ (Гласот на МААА) при проектот ,,Алумни поддршка на волонтерски и воннаставни активности".

Подкастот е на тема „Перспективите на младите луѓе во нашата земја„ и во него гостуваат нашите членови Бојан Кордалов, комуниколог и Иван Дургутов, младински активист, а го модерира Катерина Топалова, новинар.

Се надеваме дека гласот на нашите членови ќе допре до младата популација во нашата земја, како и до сите заинтересирани за темата. Уживајте!

ВИДЕО: Гори мотор на Теодосиј Гологанов во Скопје!

Втор пожар денеска во Скопје. Не толку голем како оној во Универзалната Сала, но доволно силен за да ги вознемири жителите на населбите Тафталиџе и Козле. 

Во пожар изгоре мотор на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов веднаш до комплексот Гранд Престиж. Засега нема информации за повредени или пак за тоа како настанал пожарот.

Видеото можете да го погледнете на линкот подолу.

Испратено од: Сара

https://youtube.com/shorts/20hGpiR-0SU?si=DFfQ5VxsyiO-B7dw

Имер Селмани: „Тежам околу 50 милиони евра"

Што се случува со неговата прва пасија, медицината, бидејќи завршил Медицински факултет, како и зошто го почнал бизнисот, со што се занимава неговата компанија, колку тежи неговото богатство, на што најмногу сака да троши пари...

„Горд сум на себе, бидејќи вработуваме луѓе, плаќаме даноци, имаме редовни приходи, инвестираме... денеска сме дисперзирани како компанија која што има повеќе дејности. Сега градиме, при крај сме, на еден супер луксузен модерен комплекс во едно место кое што беше заборавено од Скопје, од скопјани, од државата буквално. Тоа е помеѓу касарната Илинден и булевар Словенија, тоа е практично Карпош. Таму градиме станбен комплекс од речиси 350 станбени единици и деловен простор...“, ова меѓу другото го истакнува Имер Селмани, во првиот подкаст „Бизнис муабети“, кој од денеска ексклузивно ќе се емитува на порталот Фактор.  

Почитувани читатели, како што и Ви најавивме, денеска реномираниот портал Фактор воведува уште една новина во своето работење, со која се обидуваме уште повеќе да се доближиме до Вас и до Вашите потреби, а секако, и да ги следиме модерните трендови во новинарството и во медиумското работење. Имено, стартувајќи од денеска, па секоја наредна недела во истиот термин, петок, преку нашиот портал ќе можете да ги следите новите епизоди од серијалот подкасти со наслов „Бизнис муабети“, одбран токму во духот на доминантно економската определба на нашиот медиум.

Водител на подкастот е добро познатиот на македонската јавност новинар Мишко Иванов, уредник на многу популарни и гледани телевизиски емисии во својата кариера во изминатиот период.

Гости на нашиот подкаст ќе бидат еминентни имиња од светот на бизнисот, политиката, општественото живеење, власта, опозицијата, но и многу други релевантни соговорници чии професионален ангажман или делување оставиле печат на околината која не опкружува. 

Погледнете ја првата епизода од „Бизнис муабети“, на Фактор.

Популарно