Поради говор на омраза кон Црна Гора: Избришан инстаграм-профилот на Јелена Карлеуша со 2 милиони следбеници

Српската пејачка Јелена Карлеуша (45), која имаше повеќе од два милиони следбеници на Инстаграм, го изгуби профилот на оваа социјална мрежа поради говорот на омраза кон Црногорците и Црна Гора.

Со објава на Икс (поранешен Твитер), нејзиниот менаџер Зоран Бирташевиќ потврди дека профилот на Карлеуша избришан, но дека работат на тоа да го вратат.

„Поради многу пријави на профилот на Јелена Карлеуша, од бот-профили на различни IP адреси, настана привремен проблем, кој моментално го решаваме. Се ќе биде во ред“, напиша Бирташевиќ, но бргу ја избриша објавата по бројните коментари од корисниците на социјалната мрежа, кои тврдат дека не станува збор за ботови, туку за незадоволни луѓе со име и презиме.

„Јас не сум бот, ја пријавив трипати, со име и презиме, од иста IP адреса. Нека си ги реши психичките проблеми и нека продолжи да се занимава со тоа што го правеше и досега – евтина порнографија и обезбедување приход за пластичните хирурзи“, напиша еден корисник, а потоа следеа и други коментари.

Во последните две недели, Јелена Карлеуша постојано имаше изливи на говор на омраза на национална и верска основа кон граѓаните на Црна Гора. Таа го негираше суверенитетот на таа земја, ги навредуваше граѓаните на Црна Гора, ги нарече екстремисти и закана за Србите и Србија, па дури и побара од нејзините следбеници да престанат да летуваат во Црна Гора, пишуваат српските медиуми.

Политиката на Инстаграм јасно наведува дека таргетирањето, говорот на омраза против кое било малцинство, нација, религија, група и слично е забрането. Поради пријави од овој тип, Инстаграм ги брише профилите на своите корисници.

Ни доаѓа уште еден споен викенд каде исто така петок е неработен, еве колку неработни дена има до крајот на 2024 година

Измина уште еден споен викенд во Македонија.

Зад нас ги оставивме трите неработни денови, а за среќа наскоро доаѓа уште еден споен викенд со три дена каде исто така петок е неработен ден.

Станува збор за празникот Духовден кој се слави во чест на мртвите души и истиот е на 21 јуни, што значи идниот месец.

Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2024 година неработни денови се:

За сите граѓани на РСМ

02 август (петок), Ден на Републиката,

8 септември (недела), Ден на независноста, односно 09 септември (понеделник) е неработен ден

11 октомври (петок), Ден на народното востание,

23 октомври (среда), Ден на македонската револуционерна борба

8 декември (недела), “Св. Климент Охридски”, односно 09 декември (понеделник) е неработен ден.

За граѓаните од православна вероисповед

21 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден,

28 август (среда), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед

01 ноември (петок), Празникот на сите светци,

25 декември (среда), првиот ден на Божик.

За граѓаните од муслиманска вероисповед

16 јуни (недела), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам

За граѓаните припадници на албанската заедница во РСМ

22 ноември (петок), Ден на албанската азбука

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РСМ

12 октомври (сабота), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур

За граѓаните припадници на бошњачката заедница  во РСМ

28 септември (сабота), Меѓународен ден на Бошњаците

За граѓаните припадници на турската заедница во РСМ

21 декември (сабота), Ден на настава на турски јазик

(Фото) Станија често позира топлес, а сега така се соблече и нејзината мајка

Мајката на Станија Добројевиќ неодамна влезе во седмата деценија, а нејзиниот изглед не го покажува тоа.

Старлетата со својата мајка Славица отпатува во Америка, а сега покажа како го поминуваат времето.

Станија ја снимила својата мајка како топлес се сонча покрај базен, па иако Славица ја предупредила ќерка си да не ја снима, таа не послушала, па видеото го објавила на Инстаграм.

Многумина токму пред ваквите фотографии коментираат дека убавината и виткото тело Станија ги наследила од мајка си.

(Фото) Убавата Македонка е бомба во бикини, ќе се ѕверите без престан и ќе зумирате што поблиску

Манекенката Данијела Димитровска важи за една од најубавите жени во Србија.

Таа популарноста ја стекна додека беше во брак со водителот Огнен Амиџиќ, а заедно имаат и син, а по многу години брак неодамна одлучија да стават крај на сите шпекулации и да откријат дека се разведуваат.

По разводот таа цело време е во центарот на вниманието, особено кога ќе објави фотографија во бикини.

На нејзиниот изглед никој не останал рамнодушен, па коментарите се секогаш повеќе од позитивни.

Истото се случи и овој пат кога убавата манекенка со македонско потекло сподели фотографија во бикини на плажа.

Еве што се гледаше во преден план:

Популарно