Кравава свадба во гостиварско

Хаос се случил на македонска свадба во селото Чегране. 35-годишната С.А. и 25-годишната С.Ф. од Косово се здобиле со повреди откако пееле на свадба во ресторан Форино во селото . Откако завршила свадбата, околу 1 по полноќ, пред ресторанот им пришол Г.А. инаку син на сопственикот, и како што тие пријавиле, без причина ги претепал со дрвена палка.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Нова трагедија на автопатите - Загина тетовчанец

Во тешка сообраќајна несреќа која се случила околу 8 часот вчера наутро близу патарината Групчин, загина еден тетовец.

Според полицијата, од засега непознати причини автомобил „бмв“ на автопатот Тетово-Скопје излетал од патот, при што од силниот удар, возачот го загубил животот.

Ученик претепал наставник во основно училиште - му ја скршил главата

Ученик (15) од гостиварското село Симница физички го нападнал наставникот Ш.К. (62) од основното училиште „Исмаил Ќемали“ од истото село иму нанел телесни повреди.

По вербална расправија помеѓу 15-годишниот ученик и наставникот малолетникот се нафрлил на наставникот и почнал да го удира со клоци и тупаници по главата и телото. Друго лице од училиштето успеало да ги раздвои. Наставникот завршил со расекотина на левата страна од главата и оток на челото и бил пренесен во здравствена установа каде му била укажана медицинска помош.

15-годишникот, заедно со родителот, бил повикан во полициската станица Гостивар, а по целосното расчистување на сите поединости, тој ќе се соочи со соодветен поднесок.

Прегазено три годишно дете во Тетово

Две деца се повредени во сообраќајни несреќи што вчеравечер се случиле на две различни места во тетовско, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Првиот случај бил околу 19 часот и 30 минути на локалниот пат во тетовското село Рогле. При тоа патничко возило „Опел зафира“ со германски регистерски таблици управувано од 43-гоишниот Е.З. од Требош удрил во 11-годишен пешак од Рогле. Повредениот пешак со истото возило бил пренесен во Тетовската клиничка болница, и по укажана лекарска помош бил пуштен на домашно лекување. Полицијата извршила увид на местото од несреќата и според првичните податоци причина за неа е неприлагодена брзина, односно пребрзо возење.

Втората сообраќајка се случила три часа подоцна на булеварот „Илинденска“ во Тетово. Околу 22 часот и 30 минути тригодишно дете пешак било удрено од патничко возило „БМВ“ со тетовски таблици што го управувал 22-годишниот Ф.И  И тука повреденото дете со истото возило веднаш било пренесено во Тетовската болница од каде по укажаната лекарска помош било пуштено дома. Според првичните информации од полицискиот увид, причина за оваа сообраќајка било невнимателно преминување на коловозот од страна на детето.

Јосифовски поосчи дека последниот период зачестиле сообраќајните несреќи со пешаци и покрај бројните превентивно-контролни активности кои и годинава континуирано ги презема Секторот за внатрешни работи Тетово

- Сообраќајките во кои учесници се пешаци пред се се како резултат на нивно невнимателно однесување и на непропуштање, односно недавање предност од возачите дури и на обележани пешачки премини, како и на пребрзо возење. Во насока за намалување на ваквите несреќи низ Полошко се апелира до возачите задолжително да внимаваат и секогаш да ги пропуштаат пешаците зашто во спротивно ќе се соочат со поднесоци и со глоба. Глобата за овој вид прекршок изнесува 300 евра во денарска противвредност и зависно од последиците времено одземање на возачката дозвола од 3 месеци до 1 година. Неправилното движење на пешаците и непочитувањето на светлосната и друга сигнализација при минување на улиците се снакционира со поднесоци и глоба од 20 до 50 евра во денарска противвредност, рече Јосифовски.

Тој најави дека СВР Тетово и во наредниот период ќе продолжи со планираните активности во чие средиште ќе бидат пешаците и со организирање на таканаречени сообраќајни поуки на кои ќе се повикуваат прекршителите од редот на оваа категорија учесници.

Популарно