Мајката не простува: „Сакав да го плукнам во лице“

Во Вишиот суд на Заечар се одржа подготвително судење на Владица Рајковиќ(28) од заечарското село Вратарница, кого обвинителството го товари за три кривични дела и тоа тешко убиство и силување на Анѓелина (3) и за убиство на Драгана Станковиќ (47).

Осомничениот пред судот го признал убиството на Драгана Станковиќ, но изјавил дека ниту ја силувал, ниту ја убил тригодишната Анѓелина.

-Го смени исказот, бидејќи првично сите обвинувања врзани за Анѓелина ги призна. Сега изјави дека тоа не го направил, а дека тогаш признал бидејќи полицајците го тепале. Сепак обдукцискиот наод, биолошките анализи, како и сите други анализи говорат дека е виновен по сите точки на обвинувањата. Ќе бараме најстрога казна, а тоа се 40 години затвор. Несомнено е дека е виновен. Во судницата беше смирен, ладен, како ништо да не направил, а ги видов фотографиите од унакажаното тело на девојчето, рекла Маја Атанасковиќ, адвокат на семејството на убиеното девојче.

Целото тело на мајката Даниела Стефановиќ се тресело додека влегувала во судницата. Би сакала, рекла, да не мора повторно да го погледнам убиецот на мојата ќеркичка.

-Ја сонувам често. Играме во дворот, сонувам дека ја облекувам, шетам, дека спие со мене во кревет. Тогаш се будам, гледам дека ја нема и плачам, плачам…Посакувам да има смртна казна и овој монструм да го убијат, рекла неутешната мајка, на која и се слошило кога го видела Владица.

-Тргнав кон него, не размислувајќи. Сакав да му плуканам во лице, толку ми се згади. Но некој ме фати под рака и ме запре. После видов дека тоа е полицаецот, рекла Даниела.

Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште

Населба, болница и училиште, рано утрово беа превентивно евакуирани поради шумскиот пожар што утрово избувна во близина на поморската база Суда на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Во пожарот интервенираат 79 пожарникари со пет пешадиски тима, 22 возила и еден хеликоптер, помагаат припадници на воената морнарица, волонтери и цистерни од општините, а ситуацијата е подобрена и според локалните медиуми не постои активно жариште.

Утрово, преку порака од европскиот број за итни случаи 112 до жителите на областа околу воената база беше побарано превентивно да се евакуираат.

Според локалните медиуми, пациентите од болницата што е во близина биле префрлени во болницата во Ханиа.

Видео: Во Хрватска падна снег

На подрачјето на Горски котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.

Снег ја зафати и Горанската делница на автопатот А6 Риека-Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.

Меѓународна полициска акција во БиХ

Во Босна и Херцеговина во тек е меѓународната полициска акција при што се уапсени повеќе лица, меѓу кои и високи полициски службеници, поврзани со наркокартелот „Тито и Дино“.

Во соопштението од Обвинителството на БиХ се наведува дека апсења и претреси се вршат на десетици локации, на подрачјето на Сараево, Зеница и Мостар, а цел на акцијата се неколку осомничени физички и правни лица.

Меѓународна поддршка за акцијата обезбедија американските ФБИ, ДЕА и Европол.

Осомничени се повеќе од 15 лица кои се поврзани со организиран криминал, нелегална трговија со наркотици, перење пари и други слични кривични дела.

Популарно